Од 14 тн. „осумилјадарки“, д-р. Кедев има фасцинантна бројка од освоени, искачени 12 врвови на светот. Му остануваат уште два врва повисоки од 8.000 метри за да влезе на листата од само неколкумина светски хималајисти кои успеале во овој надчовечки подвиг.
Кедев годинава се качи и на култните врвови Макалу, Лоце и Гашербрум 2. Со цел да го оствари својот, но и она што е животен сон на многумина, д-р. Сашко Кедев ќе треба да ги искачи уште и Кангченѕунга (8.586 мнв) и Гашербрум 1 (8.068).
Во екипата со која Кедев се качил на врвот биле седуммина шерпаси од агенцијата „Имаџин Непал“ од Непал и по еден качувач од САД, Пакистан и Јапонија.