Во Вардар пак нешто не штима. Летоска дојде Новоматик како генерален спонзор, моќна интернационална компанија, сопственик на 2.000 казина која потпиша едногодишен договор на 1 милион евра спонзорство. Во управата јавно се зборува дека е Миленко Неделковски за што немаше прес конференција или некаква друга официјална промоција. Тимот има бедни 7 бода после 9 меча и е претпоследен, а Комитите се очигледно бесни по вчерашниот пораз на домашен терен од Струга Трим Лум од 1:4. Испратија кратка и јасна порака.