Offside

Кошаркарите на ЛА Лејкерс неочекувано лесно го елиминираа Хјустон Рокетс од доигрувањето за титулата. Синоќа ветеранот Леброн Џејмс одново покажа дека е еден од најдобрите НБА кошаркари во историјата на лигата. Лејкерс победи 98-78.

Како Ѓоковиќ потпишува автограми откако го удрија со шише?

Најдобриот светски тенисер има недела за заборав откако изгуби во 3. коло од Мастерсот во Рим каде претрпе пораз од анонимен 32-годишен Чилеанец Алехандро Табиљо и тоа убедливо со 6:2, 6:3. Претходно го удрија со флаша по глава па се држеше на земја.

Магија на Јокиќ и Мареј - кош од пола терен што ја замрзна салата

Никола Јокиќ и Џамал Мареј одиграа фантастичен меч среде Минесота и ги суредија „волците“ за 2:2 во серијата. Јокиќ имаше 35 поени од кои и едни по силно забивање над најдобриот забивач во лигата Ентони Едвардс. А Мареј имаше кош од преку пола терен.

Баер Неверлузен - 50

Баер Леверкузен го сомле Бохум на гости 0:5 во 33. коло од германската Бундеслига и покажа дека сезонава му нема рамен. „Аспирините“ освоија шампионска титула, за неколку дена ги чека и финале на германски Куп и финале на Лига Европа. Со победата против Бохум стигнаа до 50. јубилеен натпревар без пораз со што дополнително ја зголемија неверојатната серија без порази!

Пропаст до пропаст во Манчестер Јунајтед

Најтрофејниот англиски клуб со дури 20 шампионски титули, веќе неколку години не може да излезе од живата кал во која западна по заминувањето на големиот Сер Алекс Фергусон. Манчестер Јунајтед синоќа изгуби 0-1 од големиот ривал Арсенал, го претрпе 14-от пораз во сезоната (не било така со децении). Навивачите потопени и резултатски и буквално од дождот кој прокиснува преку кровот на веќе застарениот „Олд Трафорд“.

Немаше спиење во Болоња, се славеше на големо

Една од најубавите фудбалски приказни сезонава се крие во Болоња. Во 2014-та испаднаа од лига, а сега ќе играат Лига на шампиони. Еден Наполи нема да игра, а минатата сезона беа шампиони.

Велелепна акција на Абердин, нов гол на Миовски

Абердин го декласираше Хибернијан на гости со 0:4, натпревар на кој Бојан Миовски го постигна својот 16-ти лигашки погодок, вкупно 26-ти сезонава. Го помина Орајли од Селтик и сега е осамен на третата позиција. Абердин е на 7-ма позиција и до крај игра уште со Ливингстон и Рос Каунти.

Што ја чека сега ракометна Македонија?

Со огромна поддршка од трибините кои секогаш веруваат во македонските ракометари дури и кога сè изгледа безнадежно, селекцијата на Кире Лазаров ја надомести негативата од седум гола од првиот натпревар во Торшавн, и во Скопје прослави пласман на Светско првенство следната година.

Никола Јокиќ ја разби Минесота за 2-2 во серијата

Шампионот Денвер Нагетс успеа да врати и втор брејк против Минесота Тимбервулвс после двата убедливи порази на домашен терен. Синоќа Јокиќ и другарите покажаа зошто се прваци откако со 115:107 ги совладаа Тимбервувлс на нивен паркет.

Фешта за паметење во соблекувална

Тој што ја отпиша оваа ракометна селекција на Македонија многу погреши, бидејќи момците на Кире Лазаров покажаа карактер и страшен мотив за игра. На поразот од 34:27, на реваншот против Фарски Острови возвратија со 34:26. Одиме на деветто Светско првенство. Еуфоричното славје е заслужено.

Последната акција на Македонија и голот на Пешевски со кој го потврди Светското

На 30 секунди до крај, Македонија имаше предност од +8, односно резултат за Светско, но и напад кој го искористи за да постигне брз гол. Фарски Острови немаше време да возврати со два и погоди за конечни 34:26.

Фарски Острови се изгубија во Борис Трајковски, Македонија оди на Светско

Македонската ракометна репрезентација одигра херојски во бараж мечот за СП и успеа да го анулира високиот пораз од Фарски Острови од 7 гола. Никогаш не ја отпишувајте Македонија.

Адеми ја заби против Осијек, а голот вреди нова титула за Динамо Загреб

Седма титула во низа, 18-та во последните 19 години, 25-та во 33-те години од осамостојувањето на Хрватска и 34-та во клупската историја, заедно со титулите освоени во време на Југославија и Кралството СХС.

Јокиќ го прати Ентони Едвардс по бурек

Стигна одговорот од третократниот МВП играч на НБА лигата на третото соочување против Минесота. Направи едноставен ролинг, а Едвардс го снема од кадар.

Денвер ја разби Минесота со 27 поени разлика

Актуелниот шампион Денвер Нагетс брутално возврати во третиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција со триумф во Минесота од 117:90.

Родман никој не може да го натскока

Тој што не гледал НБА во 90-те, треба да го знае следниов податок. Денис Родман на два меча по ред остварил неверојатни 49 скока. На првиот меч во дресот на Сан Антонио, одигран на 10 ноември 1993-та против Феникс имал 25 скока. Два дена подоцна против Сакраменто имал уште 24. Знаете колку поени постигнал вкупно на овие две средби? Нула. Е тоа беше Родман. 

Веѓа тактиката е на Анчелоти, ама ја има и Алонсо

Шегата на страна за ова со веѓата, но тоа што го прави Анчелоти со пресвртите во Реал веќе подолго време, сезонава го прави и Чаби Алонсо со Баер. Големи се шансите да се сретнат во финале и тоа уште летово.

Компилација со Јокиќ од која фаќа вртоглавица

Наједноставниот одговор за неговите игри во НБА го даваат токму од НБА: „Продолжува да прави работи кои не сме ги виделе претходно во НБА“.

Прославата на бисерот на Реал кој ја подели Јужна Америка

Бразилски Палмеирас со 0-5 го згромил уругвајски Ливерпул Монтевидео во 4. коло од групната фаза на Копа Либертадорес. Младиот 17-годишен Ендрик кој наскоро оди во Реал Мадрид со кого потпиша договор, постигнал гол во 82’ минута. Го прославил како кинг-конг за кој рекол дека му е омилен јунак од цртаните филмови. Му рипнаа да го тепаат.

Неверојатната 90+ серија на Баер Леверкузен

Некогаш ги викаа на времето Неверкузен затоа што во една сезона изгубија титула во последни кола, изгубија финале на Куп и финале на Лига на шампиони. Сега добија нов прекар - Неверлузен. Станаа нов германски шампион, ја урнаа хегемонијата на Баерн Минхен, ќе играат финале на Лига Европа, финале на германски Куп и имаат неверојатна, рекордна серија од 49 меча без пораз. Притоа на 17 меча сезонава дадоа гол во 90-та или во 90+ минути, а 12 од тие голови биле за пресврт или нерешено.

Колку беше квота за тројна круна на Леверкузен пред стартот на сезоната?

Новиот германски шампион во рок од 4 дена ќе игра две финалиња. На 22 мај во Даблин против Аталанта во рамките на ЛЕ, а потоа на 25-ти во Берлин во Германскиот Куп против Кајзерслаутен. Ако го совлада италијанскиот тим годинава ќе игра уште едно финале, а тоа е Супер Купот на Европа на 14 август во Варшава. Ќе се појави ли јунак што типувал на тројна круна за која кладилниците, замислете на почеток на сезоната им давале шанси од 0.005%? Со 10 фунти 182.070 фунти ќар или 211.639 евра.

Роналдо пак беснееше

Во 31. коло од саудиската лига, Ал Наср на гости го совлада Ал Ахдуд 2-3 со гол на Брозовиќ дури во 90+1’ минута. Кристијано Роналдо претходно го отвори резултатот во 15’ минута а подоцна во текот на мечот доби жолт картон поради тоа што му се извикуваше на судијата.

Непристојни звуци го прекинаа пресот на Дончиќ, Лука збунет

И покрај тоа што веќе подолго време мака мачи со повреденото колено, Лука Дончиќ буквално куцајќи беше играч на мечот против Оклахома Сити Тандер со 29 поени, 10 скока и 7 асистенции. Далас Маверикс израмнија на 1-1 во серијата со Оклахома Сити Тандер и со одличен резултат се враќаат во Далас дома каде ги чекаат два натпревари. После натпреварот синоќа прес-конференцијата на Дончиќ била прекината од непристојни звуци, па тој духовито рекол: „Се надевам само не е во живо“.