Големото финале се играше во саботата на стадион во Асунсион, во Парагвај.
Ова е втор пат „дедото да гледа прослава на голем триумф“ откако во 2019-та внукот навивач на Расинг го донел исто черепот на прослава на шампионската титула на екипата.
Големата победа во финале на Копа Судамерикана значела и прв меѓународен трофеј за Расинг Клуб Авељанеда после цели 36 години.
На прашањето „како поминавте по граница со черепот“, внукот на Валентино рекол: „Тој е моја љубов, Расинг е моја љубов па затоа го чував (черепот) сите овие години. Го поминав (преку граница) со верба, со љубовта за Расинг, тој сам си помина“.
El abuelo que vio a Racing campeón de la libertadores y hoy puede volver a verlo consagrarse. pic.twitter.com/sylTtctpdr
— El gordo edición (@GordoEdicion) November 23, 2024
Еве во 2019-та кога го носел черепот на дедо му на прослава на шампионска титула во Аргентина:
#TNTSports | ¡¡Nadie se quiso quedar afuera de la fiesta de Racing!! 😳 @nico_latini nos cuenta la historia del día en #LaFechaTNT 👇 ¡NO LO VAS A PODER CREER! 💀 pic.twitter.com/wOVlm7JQLv
— TNT Sports Argentina (@TNTSportsAR) April 1, 2019
Што се однесува до големото финале, Расинг Клуб славеше 3-1 со головите на Гастон Мартиерна во 15-та минута, Адриан Мартинез во 21-ва минута и Рожер Мартинез во судиско продолжение во 90+6' минута. Единствениот погодок за Крузеиро го даде Каио Хорхе во 53-та минута.
Расинг Клуб е третиот најтрофеен клуб во Аргентина по Ривер Плејт и Бока Јуниорс, со 18 освоени титули. Расинг има и титула во Копа Либертадорес во 1967-ма година.