Offside

Кошаркарите на ЛА Лејкерс неочекувано лесно го елиминираа Хјустон Рокетс од доигрувањето за титулата. Синоќа ветеранот Леброн Џејмс одново покажа дека е еден од најдобрите НБА кошаркари во историјата на лигата. Лејкерс победи 98-78.

Историја за Олимпијакос, четири клуба ќе им играат во финале на еврокупови

Во историјата на грчки Олимпијакос немало ваква сезона. Нивните навивачи едвај ќе постасаат да ги изгледаат сите битки за трофеи. Ќе играат финале во фудбал, кошарка, ракомет и ватерполо.

Наградата за глума на годината дајте ја во Виетнам

Од срце се изнасмеа коментаторот, иако веќе не знаеме дали ваквите ликови се за смеење. Пратете го во театар.

Лапај си 20че

Со шут за три поени од пола терен, навивач на Оклахома стигна до 20.000 долари. Вие пак играјте спортска.

Ал Фејха одбележа една година од маестралниот лоб на Трајковски

И покрај тоа што немаше некој блесок, Саудијците се потсетија на еден мајсторски потег на Александар Трајковски постигнат пред една година во дресот на Ал Фејха. Фантастично изведено.

Дончиќ го возврати ударот, Далас израмни на 1:1

По катастрофалниот пораз на првиот меч од серијата, Денвер Нагетс и направи брејк на Оклахома и ја направи супер интересна пресметката во полуфиналето на Западот.

Луѓе, овој Баер Леверкузен дефинитивно не е нормален

Баер Леверкузен е финалист на Лига Европа откако синоќа режираше нова драматургија. После триумфот 0-2 во Рим, синоќа на својот стадион губеа со 0-2 од Рома но во последни секунди од мечот израмнија на 2-2, ја продолжија ненормалната серија од 49 меча без пораз и направија ново чудо!

Реакцијата на Јокиќ кога Баркли го прогласува за МВП

Носи маица од трагично починатиот Дејан Милојевиќ, асистентот на Стив Кер во Голден Стејт и ниту скока, ниту се радува. Дури и глупо како да му е кога му аплаудираат.

Анри ја потенцираше грешката со офсајдот на Баерн, ама направи и мајтап

Нема фудбалска вечер во студиото на Си Би Ес без хумор во режија на триото редовни гости во улога на експерти. Тиери Анри рече дека главниот судија направил голема грешка што досудил офсајд во 113-та минута, иста каква што имало во филмот „Pretty Woman“. Водителката не можеше да застане со смеење.

Како играч на Борусија глупо ќе го пропуштеше финалето

Дваесет и четири годишниот стопер на Борусија Дортмунд Нико Шлотенберг за малку ќе беше малер на сезоната. Тргна да слави историска победа против ПСЖ во полуфинале и пласман во големо финале на Лига на шампиони, ама за малку не се прекрши. По сопствена вина.

Како изгледаше тифото на реновираниот Сантијаго Бернабеу?

Ултра модерниот стадион на Реал Мадрид кој собира 85.000 гледачи, крцаше на европската дерби пресметка против Баерн. Кој знае кој е филинг е да ја доживее човек во живо оваа величествена атмосфера.

Кога чудесно убава стјуардеса му дала ливче со број на Јокиќ, а тој го фрлил од кола

Никола Јокиќ доцна синоќа е избран по трет пат и официјално за МВП на регуларниот дел од сезоната во НБА. Сомборецот ретко се појавува во медиуми, не сака таков начин на живот и по социјални мрежи го има само кога тоа му е должност или обврска според договорот во САД.

12 годишното проклетство на ПСЖ

Точно е дека во нокаут фаза постојано им паѓаат гиганти, како на пример три пати Барселона, а по два пати Реал, Баерн и Сити, ама точно е и дека потрошија астрономски 1,5 милијарди за да ја освојат Лигата на шампионите. Врвот во овие 12 години им е само едно финале.

Дон Карлито

Легендарниот италијански тренер ќе го игра своето шесто финале на Лига на шампиони а има и четири трофеи од истото со што е најтрофеен стратег во историјата на најсилното европско натпреварување.

Нов испад на Винисиус

Во моментите кога Реал имаше позитива а Баерн јуришно ја бараше топката за да во судиско продолжение проба да израмни (и израмни ама им поништија гол), Винисиус неспортски се однесуваше со бекот на Баерн Јозуа Кимих.

Хариевото проклетство - Баерн првпат после 12 години без ниеден трофеј

Најтажниот фудбалер во Европа синоќа доживеа очај: Хари Кејн минути го делеа од ново европско финале на Лига на шампиони откако веќе загуби едно. Не успеа поради голмански кикс и пресврт на Реал Мадрид во последните мигови од мечот.

Спорната судиска одлука во 113 минута која фрли дамка на Бернабеу

Реал и Баерн одиграа драматично реванш полуфинале во ЛШ како што го личи, но судиите направија голем превид во финишот. Де Лихт: Линискиот судија ми кажа „Извини, направив грешка“.

Хоселу - јунакот на Мадрид, го бодрел Реал од трибини со татко му пред две години

Фудбалот пишува романи. Како оној на 34-годишниот Хозе Луис Мато Санмартин или попознат како Хоселу. Ветеранот кој во Реал Мадрид е позајмен од Еспањол, клуб со кого испадна во втора лига, ги дочека своите 5 минути животна слава.

Модриќ во 85-та минута спречи водство на Баерн од 0:2

Што играч ќе беше Лука Модриќ? Освои 25 трофеи со Реал, во септември полни 39 години, младите го потиснаа и уште има желба и мотивација за игра. Цел терен го претрчна и им спречи чиста шанса за гол на Баварците.

Кавани на маестрален начин реши натпревар во 92-ра минута

По блескавата кариера во Европа, уругвајскиот ветеран не застанува со голови во дресот на Бока Јуниорс. И тоа како претплатен е на голчишта на свои 37 години. Во Копа Судамерикана погоди против Трининденсе на гости за конечни 1:2 во 92-та минута на спектакуларен начин.

МВП - Никола Јокиќ повторно избран за најдобар играч во НБА лигата

Лидерот на шампионот Денвер Нагетс Никола Јокиќ ја доби МВП наградата по трет пат во својата кариера со што влезе во редот на најдобрите во историјата на НБА лигата. Никола го добива трофејот „Мајкл Џордан“ како најдобар играч во регуларниот дел од сезоната.

Славјето на Реал Мадрид и песната на Анчелоти

Реал Мадрид е дефинитивно неуништлив. После бројни пресврти низ годиниве во самата завршница на Лига на шампиони против Челси, Манчестер Сити и ПСЖ, сега на ред им дојде и Баерн Минхен. Губеше Реал до 89' минута 0-1, за да во две минути направи целосен пресврт и да се пласира во финале на Лига на шампиони. Тоа беше причина за огромно славје на играчите, навивачите и тренерот Карло Анчелоти кој ја пееше клупската химна.

Кралот е жив, пропаст за Баерн Минхен во две минути

Фудбалерите на Реал Мадрид стигнаа до уште едно големо финале на Лига на шампиони откако вечерва на неверојатен начин, само онака како што тие умеат, го урнаа Баерн Минхен кој имаше водство до последните моменти од мечот.

Дебакл на Македонија, кладилниците беа во право

Светското ракометно првенство 2025-та стана тешко достижно за избраниците на Кире Лазаров. Ќе им треба победа на реваншот од 8 гола разлика.

Убавата страна на фудбалот со стратегот на Борусија Дортмунд

Во 12 години долг и ултра богат арапски проект, Парижаните за тренери ги имаа Карло Анчелоти, Лорен Блан, Унаи Емери, Томас Тухел, Маурицио Покетино, Кристоф Галтие, Луис Енрике. Никој од нив нема испишано приказна како Един Терзиќ.