Германецот Вагнер го расплака Леброн Џејмс во последна секунда

Орландо Меџик и ЛА Лејкерс го одиграа најлудиот меч од стартот на сезоната во НБА. Германскиот капитен на репрезентацијата Франц Вагнер имаше ненормална партија со 37 поени и 11 скока. Лејкерси предводени од Леброн Џејмс и Ентони Дејвис водеа четири поени предност на 27 секунди до крајот но тогаш Вагнер настапи и прво го намали резултатот а потоа на 3,1 секунда пред крајот постигна тројка од далечина за голема победа на Орландо Меџик.

Кај ЛА Лејкерс Ентони Дејвис постигна 39 поени со девет скока а Леброн Џејмс имаше 31 поен со 10 скока. Лејкерс во моментов е на учинок 10 победи и 5 порази а Орландо е на 10-7.

22 ноември 2024 - 09:46