Лудиот рекорд на Обст во Евролига со 11 тројки

Кошаркарите на Баерн Минхен ја играат најуспешната сезона откако се во Евролига. Предводени од германскиот селектор Гордон Херберт, Баварците имаат 8 победи и само 3 порази и се на високото трето место на табела. Баерн ја згроми Барселона 100-78 а на овој меч тотално луд рекорд постави Андреас Обст со дури 11 постигнати тројки! Нов рекорд на Евролига.

Германскиот репрезентативец Обст го заврши мечот со Барселона со 34 поени, три скока и една асистенција. Покрај него ефикасни беа уште и Карсен Едвардс со 25 поени и Ник Вејлер-Баб со 14 поени, пет скока и четири асистенции. Кај гостите од Барселона единствено Џабари Паркер со 26 поени беше расположен за игра. 

25 ноември 2024 - 11:08