Навивачите на Њукасл го изненадија шведскиот репрезентативец со кореографија на две трибините.
На едната беше неговото презиме направено со еден куп знамиња и во боите на Шведска, а на втората неговото име и тоа напишано возвишувачки: „Александар Велики“.
Не заборавија да подигнат и знаме на Еритреја, земјата од каде што потекнуваат неговите родители.
Со овој голем гест, навивачите на Њукасл само ја потврдија почитта кон Александер Исак, кој е мета на големи клубови.
Се работи за дете калено во шведскиот клуб АИК, кој потоа премина во Борусија Дортмунд, беше позајмен во Виљем 2, а од таму заигра за Реал Сосиедад.
На 26 август 2022-ра, Исак потпиша 6 годишен договор со Њукасл, а трансферот изнесуваше преку 70 милиони долари.
Има 78 настапи и 40 голови, а со оваа демонстранија на љубов, навивачите на Њукасл веројатно се обидуваат да го натераат да остане.
Newcastle fans showing out for Alexander Isak 🫶🇸🇪 pic.twitter.com/9ccvlA9jSd
— Premier League USA (@PLinUSA) November 25, 2024
Дриблинг на Исак од Њукасл кој до сега не е виден во фудбалот