Бојан Миовски во тимот на колото со славно друштво од Реал

Македонскиот центарфор ја одигра најдобрата партија откако стапна во елитната шпанска лига и тоа му донесе многу висока оценка и место во топ 11.

Со блесокот против Еспањол, Миовски е оценет од реномираниот сајт WhoScored.com со 8.91 и тоа е втора највисока оценка дадена ова коло во Ла Лига. Подобар од него е само клупскиот колега Хил со 9.1.

Место во најдобриот тим од Жирона добија вкупно четворица, а другите двајца се Ван Де Бек и Крејчи. 

Потоа тука се и Винисиус, Валверде и Рудигер од Реал Мадрид, Тарега и Дуро од Валенсија, Сансент од Атлетик Билбао и голманот на Барселона, Ињаки Пења.

Штипјанецот викендов конечно блесна и ги постигна првите голови во Ла Лига, а оценката му е висока бидејќи постигна два комада и еднаш асистираше, сето тоа до 21 минута од мечот.

Жирона го декласираше Еспљол со 4:1 и со 21 бод се наоѓа на седма позиција.

Шпанската коментаторка снимена на трибини за головите на Миовски

25 ноември 2024 - 13:13