Offside

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Не биди Јап Стам

Некогашниот стопер на Манчестер Јунајтед, Милан и Ајакс кој беше синоним за касапин и месар во фудбалот, 52-годишниот Јап Стам сега понекогаш го викаат како стручен коментатор во студио да анализира. Го прашувале кој е подобар Ван Дајк или десетина други најпознати светски стопери.

Уго Лорис брани во САД и веќе има 2 асистенции

Во четвртфинале на Лига Купот во САД, Лос Анџелес со 0-3 лесно го победил Сиетл Саундерс на гости. Легендарниот 40-годишен француски голман Уго Лорис кој има светска шампионска и светска вицешампионска титула со Франција, сезонава брани во САД. Веќе има запишано 2 асистенции за гол и двете за соиграчот од Лос Анџелес, Денис Буанга.

Вечерното дерби има подруг шмек

Вечните ривали Вардар и Пелистер се судрија уште во 2. коло од новата сезона во првата македонска лига. Го добија домаќините со 1:0, во прекрасна атмсофера на Градски, под рефлектори и со присуство на двете навивачки групи кои направија пиротехничко шоу. Комити како домаќини беа во драстично поголем број од Чкембари, а имаа подготвено и кореографија.

Англиски фудбал на дур

Во англиската Лига 2, односно четврта лига во фудбалската хиерархија играле Акрингтон и Харогејт. Мечот завршил 3:3 а еден од головите е после класичен англиски фудбал во воздух.

Голот на викендот падна во Турција

Дваесет и осум годишниот Бразилец Жоао Фигередо кој играл во Литванија, Грција, Обединети Арапски Емирати и сега е во Турција, викендов го дал најубавиот гол на колото во турската Суперлига. Неговиот Истанбул Башакшехир победил 4-2 против Аланјаспор а Фигередо постигнал прекрасен еврогол.

Ревија на евроголови во Хрватска, по Ристовски, бомба и на Пашалиќ

Како што почнаа фудбалите, така почнаа да се редат и убавите голови кон кои отсекогаш имаме слабост. Ријека ја совлада Истра со 4:0, а еден од најубавите голови на колото го постигна Пашалиќ. Да не дојде до забуна, не е ова поискусниот Марио Пашалиќ од Аталанта, туку Марко Пашалиќ кој и даде гол и на Македонија на пријателската на 3 јуни.

Мбапе - Надал, ветено сторено

Рафаел Надал е често на Бернабеу како навивач на Реал Мадрид, а синоќа беше и во Мајорка. Првиот дрес од дебито на суперѕвездата го ќари токму тој. Најверојатно на претходно договорена средба. Килијан дојде спремен и му го извади од ранец.

Одлична пас игра, ама голот да го погодевте?

Ѕвездениот тим на Реал Мадрид, ја отвори лошо сезоната како актуелен шпански и европски првак. Одигра само 1:1 на гостувањето против Мајорка. Родриго 13-та, Муричи 53-та минута. Анчелоти почна со Белингем, Винисиус, Родриго и Мбапе, четворка која звучи страшно. Во еден момент си поиграа со домашната одбрана, ама без резултат.

Таму најде да се олесниш?

На натпревар во Перу меѓу екипите на Канторсиљо и Авахун, еден фудбалер искористил мал прекин, за да отиде настрана крај аут линијата да се олесни. Противничките играчи го накодошија и го окрка. Главниот судија не толерира такви испади и му покажа директен црвен картон.

Падна првата четворка во историјата на кошарката

Крис Банкеро е стрелецот на првата четворка во историјата на кошарката, која ја постигна во Куп натпревар во Филипини. Се работи за шут од нова линија нацртана на 8,20 метри од кошот, додека тројката е на 6,75. За сега ова е експеримент на Филипинската кошаркарска федерација.

Ѓоковиќ со јак предизвик го насмеа словенечкиот ас Погачар

Триесет и седум годишниот најдобар тенисер на светот не чека многу. Олимпиското злато го прослави како доликува, а сега веќе ги почна подготовките за продолжение од сезоната. Новак е снимен и како вози велосипед во стилот на најдобриот светски велосипедист Тадеј Погачар. После првото видео му даде предизвик на Словенецот.

Фудбалот во Премиер лига пред Гвардиола

Лондонско дерби од едно друго време и со други играчи. Не дека не биле овие паметни, ама на никој не му текнува да го вклучи мозокот и да ја нагази топката. Работава кому иде.

Проектил на Стефан Ристовски за сите пари

Втор меч, втор гол по ред за Стефан Ристовски кој му тргна голгетерски во новата сезона. Голчиштево против Шибеник кој Динамо Загреб го доби со 3:0, падна во 6 минута и сигурно ќе биде кандидат за гол на сезоната во Хрватска. За Рики оваа бомба е веројатно и голот на кариерата.

Ѓоковиќ во 2012-та зборува за својата иднина

Свесен дека кариерата на еден тенисер е до 30-32 години, Новак изјавува дека нема лимити до кога ќе игра и дека тоа ќе го прави сè додека го води срцето во играта и желбата за победа. Вели најважно е да се има самодоверба.

Кармело Ентони за Богдановиќ: „Сакав да му аплаудирам ама не можев“

Големиот Мело Ентони од прв ред го следеше спектаклот САД - Србија во полуфиналето на Олимписките Игри во Париз. На моменти, на секоја уфрлена тројка или двојка, Богдан Богдановиќ ја имитираше култната прослава на Кармело со гест со рака на глава. Тоа на Мело му се допадна, го сфати на убав начин и после Игрите раскажа дека дури и сакал искрено да му аплаудира на Србинот.

Уганда се моли за Манчестер Јунајтед

Со натпреварот Манчестер Јунајтед - Фулам, петочки во 21:00 часот, стартува новата сезона во Премиер лигата. Во Уганда за Манчестер Јунајтед има посебни ритуали.

Антиќ го опишува Гечевски колку е цар

Перо и Тоше биле цимери во репрезентација. Во опуштен подкаст, Антиќ раскажува каков цар бил кавадарчанецот кој на моменти и го имитира. Потоа му се јавува на генералниот секретар на ФИБА на видео повик со кој е пријател долго време.

Најдобрите 11 со кои настапувал Горан Пандев

Со оглед на тоа каде и со кого сè играше, изборот е ултра тежок. Но во случајов тој не се темели само на квалитет, туку на збир на соиграчи од сите клубови за кои играл. Во емисијата „Mojih TOP 11“, каде гостуваат легендарни фудбалери од Балканот, Пандев се реши за следниве 11:

МВП и во оро играње

Врвните српски кошаркари и одбојкарки ја пренеле добрата атмосфера од Олимписките Игри и на свадбата на кошаркарот Немања Дангубиќ (потекло од тетовско) и одбојкарката Катарина Лазовиќ. На снимките се гледа и како Никола Јокиќ доминира во орцето како под кошевите.

Ја изгуби патиката, но не и трката - девојчето што стана хит

Седумгодишната Талаја Крафорд стана права интернет сензација откако се појави видео од трката на која таа на стартот останува без патиката. Се враќа да ја облече повторно и тргнува во лов на ривалките.

Жирона за Бојан: Напаѓач со голот меѓу веѓите

Жирона ја отвори новата сезона во Ла Лига со 1:1 против Реал Бетис на гости. Миовски не беше во состав, бидејќи уште не е стасан во Шпанија. Но од клубот ја подгреваат атмосферата со македонскиот напаѓач кој им доаѓа како големо ветување после 26 гола во Шкотска. Прво го претставија со овошна салата, а овој пат со неговиот најпрепознатлив специјалитет, а тоа се головите.

Кинеска олимписка медалистка си работи во ресторан кај нејзините

Сигурно ја паметите по најсимпатичната сцена од Игрите во Париз, кога додека ги гледаше Италијанките како се фотографираат со гризнати медали, и таа реши да го направи истото. Осумнаесет годишната кинеска гимнастичарка Жу Јацин која освои сребрен медал на Олимписките Игри 2024 во Париз, по враќањето дома, се вратила на работа во ресторанот на нејзините родители.

Чекај, како мислиш 4 промашени пенали?

Баник Острава играше во 3. коло од квалификации за Лига Конференции против дански Копенхаген. Првиот меч Данците го добиле 1-0. Чесите во реваншот славеле 1-0 и дуелот отишол во продолженија и пенали. А таму Баник Острава промашува четири пенали: Клима, Евертон, Фридрих и Халус се малерите. Додуше и Копенхаген промашува два ама оди понатаму.