Offside

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Бласфемијата на Олимписките Игри

И покрај гласните негодувања и урлици од револт од христијанската заедница ширум светот поради бласфемијата на отворање на Олимписките Игри во Париз, организаторите продолжија по свое и на затворањето на Игрите со слични сцени.

Си играл како први така други?

За време на еден квалификациски натпревар за Светско кошаркарско првенство меѓу Филипини и Австралија изби таква тепачка што не можеа да ја спречат ни судии ни делегати ни редари.

Шефилд Венздеј станува прв клуб што ќе брка од стадион за чкарт дресови

Англискиот легендарен клуб од градот Шефилд ќе се бори против пиратерија и фалсификат на груб начин: управата одлучила луѓето со неоригинални дресови да бидат истерувани од стадионот во текот на натпреварите. 

Холанѓаните се махери за шоу

Ќе речеш сезоната уште не е почната и ова се уште квалификации за Европа, плус топло надвор. Не бре брате, за навивачите на Ајакс нема топло. Погледнете ја увертирата пред мечот со Панатинаикос.

Кавани уште ја пали „Бомбонера“

Големото дерби меѓу Бока Јуниорс и Крузеиро во 1/8 финале на Копа Судамерикана го добија Аргентинците минимално 1-0 со гол на Единсон Кавани во 65’ минута од мечот. Реваншот е следната недела во Бразил. Уругваецот во свој стил со убав гол ја распали култната „Бомбонера“.

Голманот на Легија се исмеваше за пацерски шут

Легија одигра 1:1 против Брондби и со 4:3 помина понатаму во Конференциската лига. Голманот на полскиот тим се мајтапеше со еден играч на необичен начин.

Јокиќ на свадба кај колега

Односно поранешен колега од репрезентација, а тоа е Немања Дангубиќ кој се ожени за одбојкарката Катарина Лазовиќ. Забавата која им ја направи е како и секогаш за МВП.

Ајакс и Панатинаикос се заборавија од шутирање пенали

11 квалификациски натпревари се одиграа во 3. коло од Лига Европа по кое следува плејофот.
Најдраматично беше во Амстердам каде се изведоа неверојатни 34 удари од белата точка.

Шахистка со жива труела противничка, фатена на камера

Шахистката Амина Абакарова од Дагестан се обидела да ја отруе својата противничка Умајганат Османова на шаховски турнир во оваа руска република.

Богато голгетерско видео за збогум на Абердин со Миовски

Трансферот на Бојан Миовски од Абердин во Жирона за 8 милиони евра е рекордер за шкотскиот прволигаш. Достојно му се заблагодарија за фантастичниот придонес од 44 гола во двете сезони кои ги одигра. Со среќа во Шпанија младичу.

Раде најубаво ќе ви објасни за Модриќ

И тоа видеото не е од синоќа откако Лука стана рекордер со 27 трофеи во Реал, туку е старо една година. Но без разлика. Ова е тоа дечки.

Комити им реплицираа на Чкембари со песната „Коњи брзајте“

Во недела на Градски, во вечерен термин ,со почеток од 20:00 часот се игра големото дерби меѓу Вардар и Пелистер во 2. коло од новата сезона. Навивачките групи на двете екипи фино се пецнаа преку социјалните мрежи.

Што прави Јокиќ на лето и зошто го нема по јахти?

Никола Јокиќ во 2022-та го потпиша најбогатиот договор во историјата на НБА, вреден 276 милиони долари на 5 години. Но тоа не му ги менува навиките. Никола едноставно си e Никола.

Жирона го претстави Миовски на штосен начин

Грмат социјалните мрежи на шпанскиот прволигаш. Доаѓа македонскиот бомбардер од Абердин.

Да не му треба на некој напаѓач?

Се вика Златан Ибрахимовиќ и има 42 години.

Кинеската со најнегативен тениски рекорд

Тенисерката Жанг Шуаи изгуби во 1. коло од ВТА турниот во Синсинати (САД) со 6:4, 6:4 од руската тенисерка Дијана Шнајдер. Ова и не би било некоја неверојатна вест ако со овој пораз Кинеската не стаса до многу насловни страни.

Па ти играј после против Стеф Кари

Со 36 поени постигнати во полуфинале против Србија и 24 поени во финале против домаќинот Франција, Стеф Кари беше еден од најзаслужните што САД стигнаа до 10-ти златен медал на кошаркарски турнир на Олимписките Игри. Осми по ред, со што покажаа дека се непобедливи.

Најсрамната насловна страница за човекот кој испиша историја во Реал

Од Ди Стефано, Раул, Касиљас, Јеро, Зидан, Фиго, Роналдо, Карлос, па сè до Кристијано Роналдо, Рамос, Бензема. Никој во 122 годишната историја на Реал Мадрид не може да се пофали со 27 трофеи. Само еден играч стигна до тие височини и се вика Лука Модриќ.

Роди ме мајко олимписки првак во Филипини

Филипинскиот гимнастичар Карлос Јуло освои два златни медали во Париз и кога се врати дома го пречекаа како херој. Честитките не се состоеа од плакета со благодарница и 10.000 евра, туку одма го внесоа во новиот стан и му подарија џип. Да е само тоа.

Реал Мадрид рутински до пехар во Супер Купот, Мбапе со гол на дебито

На фантастичниот Национален стадион во Варшава, пред преполни трибини, Реал Мадрид вечерва рутински ја совлада Аталанта во европскиот Супер Куп и по рекорден шести пат стигна до пехарот од овој натпревар.

А сте чуле ли за дисциплината „Фрлање кашкавал“?

Во Лос Анџелес 2028 како нови спортови се најавуват крикет, сквош, бејзбол, софтбол, лакрос и флег фудбал. Еве им уште една идеја. Се игра во Новара, Сицилија и се работи за многу стара традиција. Сè што треба да имате е Мајоркино, тоа е пита овчи кашкавал тешка од 10 до 12 кила. Победува тој што ќе ја фрли најдалеку. Инаку натпреварот е веќе заштитен од УНЕСКО, а тоа што ни ја смири душата е што сепак кашкавалот на крај не го фрлаат, туку го јадат.

Само Лазо знаел на ваков начин да ги издрибла судиите

Немаме повеќе човек во спортот од таков ков на луѓе. Неодамна замина Џаро, а вчера и Лечиќ. Ви текнува ли на трет легендарен и незаменлив лик, истовремено и шоумен кој умее да направи измама за која ќе се зборува 100 години? Оваа е веќе прераскажана, но можеби помладите не ја знаат, а мораат.