Ѓоковиќ на бербер во Катар

Новак беше во Катар за да потпише договор со компанијата Катар Ервејс на која стана глобален амбасадор. Во меѓувреме посетил и тренинг на Формула 1, ама бил и да се потшиша. И таму ја рокнаа песната на Нада, која стана хит благодарение на него и Златан.

Еден ден подоцна беше почесен гостин на Монументал, каде се одигра големото финале од Копа Либертадорес меѓу Ботафого и Атлетико Минеиро.

Инаку Новак е во Буенос Аирес за да го испочитува големиот пријател Хуан Мартин Дел Потро со кој ќе го одигра неговиот последен тениски меч во кариерата.

1 декември 2024 - 13:53