Она што се очекуваше неколку вечери, конечно се оствари. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ со ново сјајно издание - 28 поени (12/24 од игра, 2/7 за три и 2/4 од слободни фрлања), 14 скока и 11 асистенции го забележа својот 138. трипл-дабл во кариерата.
Со овој подвиг Јокиќ се израмни со големиот и легендарен Меџик Џонсон на вечната листа кошаркари со најголем број трипл-дабл учиноци во НБА лигата.
Пред Јокиќ сега е Оскар Робертсон со 181 трипл-дабл и неговиот нов соиграч Расел Вестбрук кој е неприкосновен со 200 трипл-дабл учиноци во богатата кариера.
Јокиќ до 138 трипл-дабл подвизи стигна по 690 натпревари во најсилната лига на светот а на Меџик Џонсон за такво нешто му требале 190 натпревари повеќе.
Покрај него синоќа добро кај Денвер Нагетс одиграа само уште Џамал Мареј со 18 поени, Мајкл Портерсо 18 поени и Џулијан Стротер со 15 поени.
Кај победничките ЛА Клиперс Џејмс Харден уфрли 39 поени, 11 асистенции и девет скока. Харден уфрли 13/13 слободни фрлања а притоа погоди и три тројки во првиот дел со што стигна до цифрата од 3.000 погодени тројки во кариерата.
Одлична вечер имаа уште и Норман Пауел со 28 поени, Теренс Ман со 15 и Амар Кофи со 13 поени.