Не само што го славеше голот против својот матичен клуб туку претера, соблече дрес и мавташе со него кај навивачите на Аталанта со кои урлаше од радост, па доби и жолт картон:
Le firme di @Dirono e Zaniolo che hanno deciso #RomaAtalanta 💪💪 pic.twitter.com/LlT409dCtC
— Lega Serie A (@SerieA) December 3, 2024
Навивачите на Рома претходно кренаа парола и за младиот Едоардо Бове, позајмен фудбалер од Рома во Фиорентина кој во 17-та минута од мечот Фиорентина - Интер колабираше во неделата вечер. За среќа по брза интервенција на лекарските служби и повеќе прегледи, тој е добар и во стабилна состојба.
„Едоардо не се предавај... На терен сакаме уште да те гледаме како се бориш. Ривали да, непријатели никогаш. Напред Рома“!