Маскотата на Мајорка ги закачаше фудбалерите на Барселона

Го викаат Димонио. Неколку години веќе е маскота на Мајорка. Синоќа пред мечот со Барселона во Ла Лига, си поигрувал со фудбалерите на гостите кои на крај славеа убедливо 1-5.

По дури три натпревари по ред без триумф, лидерот во Ла Лига Барселона конечно славеше и тоа убедливо со 1:5 против Мајорка на гости.

Головите ги постигнаа Феран Торес во 12-та минута, Рафиња даде два, во 56-та минута од пенал и во 74-та, Френки Де Јонг во 79-та и Пау Виктор во 84-та.

Два вонсериски пасови на Јамал во рок од 5 минути

4 декември 2024 - 10:40