Голман со гол го побудале стадионот

Англискиот нисколигаш Лејтон Ориент успеа да се пробие до 3-та рунда во ФА Купот откако со 2-1 во луд меч го совлада Олдам Атлетик. Прво гостите дошле во водство во 47-ма минута. И воделе дури до 90+9' минута од судиско продолжение кога голманот на домаќините Џош Кили (позајмен од Тотенхем) постигнал прекрасен гол со глава и изборил продолженија. А таму Дан Агиеи им донел победа на домашните со погодок во 121-ва минута од продолженијата.

3 декември 2024 - 09:10