НК Кустошија пред неколку месеци стана сензација во Хрватска затоа што преку познатиот (во менаџерски кругови) агент Енди Бара за огромни суми продава своит аленти.
Така прво чудесниот талент Микаел Фаје замина во Б тимот на Барселона за 1,5 милиони евра а набрзо и Дино Клаија отиде во Ред Бул Лајпциг за дури 3 милиони евра. Се испостави дека со него во пакет ќе оди и Нико Томашевиќ за кого германскиот богат клуб одвои 1 милион евра.
Сенегалецот Микаел Фаје после одлични настапи за Барселона Б каде запиша 35 натпревари со 4 постигнати гола, изминатото лето во скапоцен трансфер вреден 10 милиони евра замина во француски Рен.
Хрватот, пак, кој е роден во САД, Дино Клапија игра за Ред Бул Лајпциг У-19 и веќе има 5 гола на 18 средби сезонава а Томашевиќ ретко добива шанса во младинските категории на германскиот гигант.
Интересно, Кустошија од трансферот на Фаје во Рен ќе добие голем процент.
Така ќе биде и со најновиот излезен траснфер од овој клуб. Имено 18-годишниот Баје Кулибали сега од Кустошија ќе оди во американскиот Шарлот за 2 милиони евра плус бонус од 20% од следниот трансфер.
За овој млад репрезентативец на Мали претходно биле заинтересирани Атлетико и Реал Мадрид чии скаути го следеле Баје Кулибали. Тој во договор со менаџерот Енди Бара решил кариерата да ја продолжи во МЛС лигата во САД.
Кустошија го купила Баје Кулибали за 300.000 евра од фудбалската академија Етоил ду Манде во Сенегал а овој клуб сега ќе се офајди со дури 25% од трансферот на Баје во САД.
Хрватскиот клуб Кустошија игра во трета лига и пред полусезоната и зимската пауза се на 7-мо место на табела.