Веднаш после дуелот против Турција, Сара Ристовска повторно привлече внимание во ЕХФ, која од дуелот против Унгарија издвои два гола на нашата најдобра ракометарка. Во топ 5 го смести голот на фантастичното додавање на Јована Кипријановска, а тука е и мајсторскиот пенал кој го истакна со посебна објава.