На дуелот Њујорк Никс - Орландо Меџик кои Њујорчани го добија 121-106, нивниот лидер Карл-Ентони Таунс постигна 23 поени, имаше 15 скока и неверојатно мечот го заврши без ниедна асистенција. А една можеше да биде феноменална.
Покрај Карло-Ентони Таунс, голем удел во победата на Никс имаа уште и Џош Харт со трипл-дабл учинок од 11 поени, 13 скока и 10 асистенции, Џајлен Брансон со 21 поен и четири асистенции, Оу-Џи Ануноби со 18 поени колку што имаше и Мајлс МекБрајд.