Offside

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

Кари vs Франција

Американците не играат тимска кошарка и ниту се трудат да прават акции. Сè се сведува на индивидуализам. Или ќе ја забијат или ќе шутнат тројка. Против Франција шутнаа 36 пати од кои погодија 18 тројки. Против Србија имаа 15/39. Но тоа се они и тоа е всушност нивното главно оружје. Посебно снајперското на човекот кој го сметаат за најдобар шутер во историјата на НБА. Во последните нецели 3 минути во финалето, Кари погоди четири тројки, во четири напади по ред. Ненормална работа. Против Франција постигна 8, против Србија 9 тројки. Има ли одбрана против овој човек?

Златен медал за САД, МВП признание за Леброн Џејмс

Селекцијата на САД ја оправда фаворитската улога во финалето и со триумфот над Франција од 98:87 стигна до петтиот златен олимписки медал во низа.

Јокиќ и другарите ја згрмија „Македонско девојче“

Неофицијалната химна на Македонија ечеше во Париз во изведба на српската кошаркарска репрезентација, за време на славјето за бронзата после големата победа над светскиот првак Германија. Честито комшии. Олимпијадава ја изигравте за златен медал.

Снимка од анксиозниот Хитлер за време на Олимписки игри

11-те Летни Олимписки игри се одржале во Берлин 1936, за време на нацистичка Германија. Се натпреварувале 3.963 спортисти (3.632 мажи и 331 жени) од 49 земји во 19 спортови. Германците доминантни со 101 медал од кои 38 златни, пред Американците втори со 57 од кои 24 златни. Адолф пак е немирен.

Ивановски: Имав повисоки очекувања, но од шестиот километар трчав повреден

Дарио Ивановски утринава во Париз испиша историја и стана првиот Македонец кој трчаше на олимписки маратон. Заврши со 20 минути послабо од неговиот личен рекорд. Се соочил со повреда на стапалото и коленото на сред трка, но и покрај тоа успеа да ги истрча 42-те километри. Браво јунак.

Бронзен медал за фантастичната Србија, Јокиќ феноменален со трипл дабл

Направија кам бек против Австралија после негатива од 24 поени. Водеа 17 поени против САД и беа во предност 37 минути. Го совладаа актуелниот светски првак Германија во битката за третото место. Србија беше нешто посебно на овие Олимписки игри.

Историски миг во Париз, Дарио Ивановски гордо на целта со македонското знаме

10 август 2024-та ќе остане запечатен како историски датум за македонскиот спорт. Дарио Ивановски е првиот Македонец кој настапи на Олимписки игри во тешката и исцрпувачка дисциплина, а тоа е маратонот во должина од 42 километри.

Големиот потег на Леброн Џејмс со Аврамовиќ кој остана незабележан

На крајот од спектакуларниот дуел меѓу САД и Србија кој уште долго ќе се прераскажува, американските суперѕвезди во голема еуфорија го славеа триумфот. Скокаа и се радуваа а во еден момент Леброн Џејмс го примети на земја легнат Алекса Аврамовиќ па дојде и го утеши.

Шпанија по европска, освои и олимписка титула!

Олимписката фудбалска репрезентација на Шпанија е нов олимписки шампион откако вечерва во Париз пред преполн стадион ја совлада домашната Франција 5:3 после продолженија (во регуларниот дел беше 3:3).

Закажан мега класик во ватерполо финале: Србија - Хрватска

По ватерполистите на Србија кои во полуфинале ги совладаа САД 10-6, пласман во големото финале на Олимписки Игри во Париз обезбеди и Хрватска која во големото дерби со Унгарија славеше 9-8.

Редно е да ги запознаеме најубавите олимпијки

Олимписките игри во Париз во недела ќе завршат, а ние уште не сме ви го пласирале најубавиот фото колаж. Освен Парагвајката.

Пораз кој ќе се памети

Во било кој спорт и на било кој натпревар, обично се паметат победите. Но во второто кошаркарско полуфинале на Олимписките игри, Србија направи исклучок. Одигра меч со муда против најмоќниот кошаркарски колектив на планетата, кој беше необјасниво лош.

Нека го врзат ако не знае како треба

 За време на првиот меч од квалификациите за Конференциска Лига меѓу Хајдук и Ружомберок кој заврши без голови, Гатузо бил бесен и во еден момент го рогнал фрижидерот пред нивната клупа. Сите што седеа таму се преплашија.

Како изгледаше првото злато освоено за Полска од Александра Мирослав?

Бројната полска делегација досега освои 6 медали на Олимписките Игри во Париз. Имаат 1 злато, 1 сребро и 4 бронзи. Златото им го донесе Александра Мирослав во спортско качување, со два рекорди во еден ист ден.

Трагедија на српски кросфитер пред да стигне на целта

Лоши спортски вести, но не од Париз, туку од Тексас каде целосно неочекувано на сред натпревар почина млад и многу силен спортист од Србија.

Дурент: „Како да не славиме, ова е ноќ која сите ќе ја паметиме цел живот“

Еден од најсилните тимови во историјата, некои би рекол појак дури и од Дрим тимовите 1992 и 1996, синоќа беше на раб на испаѓање. Минути ги делеа страшните НБА ѕверки од болна елиминација. Но направија пресврт и едвај ја совладаа Србија 95-90. Славјето на паркет после сирената говореше колку многу им значел триумфот во полуфинале на Олимписки Игри. А некои од нив имаат по 3-4 олимписки злата.

Американската ѕвезда скокаше пред трката, а откако изгуби имал Ковид

Американскиот трофеен спринтер Ноа Лајлс (27) во четвртокот вечер трчаше во финалето на 200 метри. Пред трката скокаше, додека сите останати тркачи концентрирано се фокусираа, се местеа, тој арогантно доскокна на својата позиција. На крајот златниот медал го освои сјајниот Лесил Тебого од Боцвана со најдобро време во историјата на оваа дисциплина - 19,46 секунди. Лајлс после мечот откри дека бил позитивен на Ковид тест и дека најверојатно Олимписките Игри за него се завршени иако требаше да трча и на 4х100 метри штафета во петок вечер и 4х400 во сабота вечер.

Импресиите на Милјана и Александар од Париз

Милјана Рељиќ и нејзиниот тренер Александар Ефтимов се јавија со видео пораки од Олимписките игри. Задоволни се од успехот. Ние пак сме презадоволни, затоа што девојката доаѓа од држава која има мизерен третмант кон спортистите. Не можела да тренира летово во професионалната сала бидејќи била заклучена за време на летен распуст, а нејзината британска противничка има 36 медали и на 16 години го баталила школото за му се посвети на теквондото со полно работно време. Ма браво девојко. Само храбро и борбено и понатаму.

Стив Кер: Ми беше чест што бев дел од еден ваков натпревар

„Ова беше еден од најдобрите натпревари во мојот живот“, изјави селекторот на САД, како потврда плус за феноменалната кошаркарска претстава пред сè во режија на Србија, која целосно го надигра моќниот дрим тим.

Најоткачениот поен некогаш виден во тенисот

Ѓоковиќ, Федерер, Надал, претходно Агаси, Бекер, Сампрас. Никој во историјата не се решил за ваков потег, да го фрли рекетот во воздух за да му ја врати. Тоа го стори Александер Бублик кој внимавајте добро на снимката, успеа да му го земе поенот, но сепак не му беше признат, бидејќи со рекетот ја удри мрежата. Поенот му припадна на Бен Шелтон и така мечот заврши, со поклонување и насмевки кај двајцата. Се работи за мастерсот во Монтреал, кој веќе стартуваше како увертира на УС опен.

Тркач од Боцвана ги засени Американците на 200 метри и освои историско злато

Летсиле Тебого од Боцвана е нов олимписки првак на 200 метри и прв Африканец со златен медал во оваа атлетска дисциплина.

Сантиметри ја делеа Србија од сензација, САД во финале со Франција

Кошаркарите на Србија и САД го одиграа највозбудливиот меч на Олимписките Игри во Париз летово. Србија предводена од сјајните Јокиќ и Богдановиќ водеше речиси во текот на целиот меч, имаше дури и +17 поени предност но во последните пар минути Американците направија голем пресврт и на крајот славеа 95:91.

Тесен пораз на Рељиќ, шансите за медал не се загубени

Македонската претставничка во теквондо не успеа да ја мине втората рунда на Олимписките игри, после сензацијата против двократната олимписка шампионка.

Опасно ретро од Југославија - САД за златен медал

Финале на Олимписките игри во Атланта 1996. Каков клип, какви ликови, какви времиња. 5 минути не трепнавме.