Две многу чудни одлуки на мечот Барса - Рајо

Барселона го совлада Рајо Ваљекано со 1:0 и сега е каша попара на табела. Ама и судиите прават попара, па после врие по социјалните мрежи. 

Каталонците славеа со голот на Левандовски од пенал во 28 минута, во натпревар со многу контроверзни одлуки по кои сигурно ќе има нови кошкања и докажувања меѓу навивачите, на релација Мадрид - Барселона.

Во фокусот се две крупни судиски одлуки кои делуваат скроз погрешно досудени.

На крајот од првиот дел Рајо го израмни резултатот, но судијата ја подигна раката, иако на забавена снимка се гледа дека стрелецот на голот ниту од близу не е во офсајд.

Се обидовме да најдеме некое логично објаснување, зошто голот е поништен. Наводно напаѓачот на Рајо кој е во офсајд, го фаулира стоперот Ињиго Мартинез, односно му го попречување движењето да не може да оди на топка.

Втората спорна одлука е онаа во второто полувреме кога голманот на Рајо го собра Дани Олмо, но судијата не се фати за свирче. Можеби компензираше.

Сега табелата изгледа вака:

Педри на мал простор знае душа да ти земе

18 февруари 2025 - 08:30