Марез и Фирмино даваа голови, Алиоски ги забавуваше навивачите

Триесет и три годишниот лев бек на македонската репрезентација после година и пол дена конечно заигра за својот тим Ал Ахли. Езѓан беше во втор и трет план кај тренерите поради големиот број странци и ограничувањето на истите во саудискиот фудбал. Конечно после цели 538 дена, после 18 месеци (последен пат играше на крај на август 2023-та), синоќа влезе од клупата за резерви на мечот против Ал Гарафа во азиската Лига на шампиони.

Саудискиот Ал Ахли победи 4-2 со голови на некогашните премиерлигашки ѕвезди Иван Тони, Роберто Фирмино и Ријад Марез, а гол даде и Бразилецот Галењо кој дојде од Порто. Алиоски влезе од клупата а по крај на мечот ги забавуваше навивачите на Ал Ахли:

 

18 февруари 2025 - 08:07