Ол Стар со Златко Калински, 1993

Врска нема Ол старот последниве години. Хајлајтс немавме желба да гледаме, а не па да стануваме во ниедно време. На Јокиќ не му се ни игра. Да се потсетиме што беше тоа прав Ол Стар. Требал и Дражен да се натпреварува во тројки.

Ги исцедивме сите Ол Стар викенди со Љубомир Николовски кои се поставени на Јутјуб, но затоа најдовме и еден подалечен со една друга коментаторска легенда, Златко Калински. 

Ол Стар 1993 во Јута, Солт Лејк Сити. Еден од појаките и вистинските, со критериуми поставени од комерасот Дејвид Штерн, кога не можеше туку така, кој стигне да ги крои екипите.

На пример тренери биле оние со најдобар процент на победи до 18 февруари или до денот пред одржување на спектаклот. 

За Источната конференција тоа бил Пет Рајли, сега 79 годишен. Легенда која ја паметиме од Њујорк и Мајами. Има 5 прстени.

Западната конференција ја водел Пол Вествал, тогашен тренер на Феникс. Почина на 70 години во 2021-ва.

Прочитајте ги само првите петорки и сè ќе ви стане јасно: 

Исток: Мајкл Џордан, Скоти Пипен, Ајзеа Томас, Лери Џонсон и Шекил Онил.

Запад: Клајд Дрекслер, Џон Стоктон, Чарлс Баркли, Карл Мелоун и Дејвид Робинсон.

Имате замерки? 

Замени во Исток: Бред Догерти, Џо Думарс, Патрик Јуинг, Лери Ненс, Марк Прајс, Детлеф Шремф, Доминик Вилкинс.

Замени во Запад:  Шон Елиот, Тим Хардевеј, Шон Кемп, Ден Мајерле, Дени Мекинг, Хаким Олајџувон, Тери Портер.

Инаку ова е последен Ол Стар за Ајзеа Томас, легендата на Детроит кој цела кариера ја мина во Пистонси и освои два прстени (1989 и 1990).

Прв за 20 годишниот Шекил О`Нил, најскап кошаркар во светот во тоа време со 6 годишен договор со Орландо Меџик, вреден 39 милиони долари.

Детлеф Шремф ја имал привилегијата да стане прв европјанин во историјата на Ол Стар игрите, а на толку славни имиња и во двата состави, Калински во најавата поентира како што треба: Ѕвездата број 1 на вечерта е Мајкл Џордан, деветто учество.

Публиката во тоа време, имала привилегија да гледа мега дуели како пример Стоктон vs Томас, Баркли vs Пипен, Шекил vs Робинсон. 

Не е ова Ол Стар без одбрана како сега со 400 коша, туку со страшни ликови на терен кои играа сериозна кошарка и сакаа да победат. 

Мечот почнува нетипично. Со два погодени слободни фрлања на Шек, позиција од која имаше проблеми во кариерата да поентира.

Резултатот е тесен и неизвесен до последна секунда и на крај победува Запад, дури во продолженија со 135:132.

МВП наградата им ја поделија на двајца, а тоа се домаќините Џон Стоктон и Карл Мелоун, јадното дуо кое подоцна ќе пати од Мајкл Џордан и бандата.

На почеток химната ќе ја згрмат легендарните Boyz II Men, акапела, а на полувреме ги имате натпреварите во тројки и забивање. Победник во тројки е Марк Прајс, а во забивање Харолд Мајнер.

„Штета што не настапи Дражен Петровиќ. Најдобриот тројкаш во НБА лигата, со најдобар процент на реализација“, вели Калински.

Бујрум ако имате 3 часа. Ова е историско мега носталгично парче за уживање. Го постирале MakNBA

Стеф Кари е МВП на чудниот нов Ол-Стар

17 февруари 2025 - 15:08