Стеф Кари е МВП на чудниот нов Ол-Стар

Натпреварот на сите ѕвезди за годината 2025 се играше во „Чејс Центар“ во Сан Франциско. Се играше во нов формат, за првпат во историјата на елиминациски принцип, односно со четири екипи и полуфинале/финале.

Epa Images
Epa Images
Epa images

Ваквиот формат беше изгласан на 17-ти декември 2024-та година. Четири тима со по 8 играчи. Право да ги бираат играчите и прават тимови имаа НБА стручните коментатори на ТНТ каналот: легендите Чалрс Баркли, Шекил О'Нил како и Кени Смит (коментатор). Имаше четири тима: Тим Чак, Тим Шек и Тим Кени а четвриот состав дојде од победникот од Рајзинг Стар (Ѕвезди во подем) турнирот: Тим предводен од некогашната женска НБА трофејна кошаркарка а сега стручен коментатор, Кандас Паркер па тимот се викаше Тим Кандас.

Тренери на екипите беа Марк Даино, тренерот на Оклахома Сити Тандер, Кени Аткинсон, тренерот на Кливленд Кавалирс, а преостанатите два тима ги водеа тренери исто од Кливленд и Оклахома Сити Тандер.

Победник на натпревар е тимот кој прв ќе постигне 40 или повеќе поени. 

КОЈ ПРОТИВ КОГО ИГРАШЕ?

Тимот на Чарлс Баркли за кого играа: Никола Јокиќ, Шеј Гилџес-Александер, Виктор Вембенјама, Паскал Сиакам, Алперен Шенгун, Карл-Ентони Таунс и Донован Мичел (без повредениот Антетокумбо).

За тимот на Шек играа: Стеф Кари, Ентони Дејвис, Џејсон Тејтум, Кевин Дурент, Дамјан Лилард, Џејмс Харден, Џајлен Браун, Кајри Ирвинг. За нив требаше да игра и Леброн Џејмс кој се откажа поради повреда непосредно пред почетокот на Ол-Старот.

Коментаторот Кени бираше млади ѕвезди во подем: Ентони Едвардс, Џајлен Брансон, Џарен Џексон, Џален Вилијамс, Дариус Гарлан, Иван Мобли, Кејд Кенингем и Тајлер Хиро.

За тим Кандас играа: Стефон Касл, Рајан Дан, Зак Едеј, Кејонте Џорџ, Трејџ Џексон-Дејвис, Далтон Кнехт, Џајлен Велс, Амен Томпсон

Никола Јокиќ, трикратниот МВП на НБА настапи за Тим Чак но како и многу други на паркетот, немаше некоја претерано голема желба ниту волја да покаже се од својот репертоар.

Прво во полуфиналето Тим Шек ги совлада младите ѕвезди во подем на Кени Смит 42:35, а тимот на Чак ги совлада младите ѕвезди на Кендис 31:32. Во големото финале тимот на Шекил го доби тимот на Баркли 41:25.

Стеф Кари во финалето постигна 12 поени меѓу кои еден атрактивен флоутер од линијата за три и една тројка од пола терен. Ова е второ МВП признание за Стеф Кари во кариерата. Го освои и во 2022.

Учесниците на турнирот, односно секој играч од победничкиот тим на Шек добија по 125.000 долари, членовите на Тим Чак кои изгубија во финале заработија по 50.000 долари а оние кои изгубија во полуфинале се задоволија со по 25.000 долари за учество во овој нов и бесмислен формат. 

17 февруари 2025 - 08:13