Offside

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

Тесен пораз на Рељиќ, шансите за медал не се загубени

Македонската претставничка во теквондо не успеа да ја мине втората рунда на Олимписките игри, после сензацијата против двократната олимписка шампионка.

Опасно ретро од Југославија - САД за златен медал

Финале на Олимписките игри во Атланта 1996. Каков клип, какви ликови, какви времиња. 5 минути не трепнавме.

Нов циркуз на Олимписки Игри: Американка фрла ѓуле со маска преку лице и наочари

Дваесет и осум годишната Рејвен Саундерс ја продолжи циркузијадата која трае од почеток на Олимписките Игри кои стартуваа со скандалозни сквернувачки сцени.

Чекај да видите колку медали има Британката која капитулираше пред Мила

Три пати ги броевме на Википедија за да не погрешиме. Милјана Рељиќ да ти елиминирала гигант со вкупно 36 медали во 14 години кариера. 

Тренерот на Арсенал викнал џепароши и крадци на вечера со фудбалерите

Шпанскиот тренер Микел Артета решил да го тестира фокусот и вниманието на своите фудбалери. За време на една тимска вечера, тој најмил луѓе кои „професионално“ ќе ги одработат вредните работи на играчите. На крај кога им соопштиле што се случило, „крадците“ истресле вредни часовници, скапоцени телефони, луксузни и полни новчаници. „Е ова беше за да проверам колку сте внимателни на секој потег“, им рекол Артета на шокираните фудбалери.

Пукна сензација во Париз, Милјана Релиќ ја урна олимписката шампионка во теквондо

Конечно радост за Македонија на Олимпијадата. Младата Милјана Релиќ приреди големо изненадување и тоа на деби настапот на Олимписките игри.

Завршија Олимписките игри за Владимир Егоров

Четвртиот македонски претставник во Париз 2024, не успеа да ја мине првата пречка во борење.

Филипинец со две златни медали се обезбедил за цел живот - ама буквално

Одредени земји кои беа на врвот на листата со највисоки премии за своите медалисти од Олимписките Игри во Париз, даваат стотици илјади долари за атлетите кои ја прославија нивната земја. Некои како Филипини одат и понатаму во дарежливоста.

Сув лист на колото

Фенербахче со многу голем ентузијазам го доведе Жозе Мурињо за нов тренер на екипата. Турскиот гигант сака да влезе во Лига на шампиони а на патот до таму прва препрека му е француски Лил. На првиот меч од квалификациите Лил славеше 2-1 со гол во 90+1’ минута. Претходно Ирфан Кавечи постигна преубав гол од слободен удар. Го прослави во стилот на турскиот медалист од Олимписките Игри стрелачот Јусуф Дикеч.

Убавината и тежината на гимнастиката

Спорт кој бара безброј тренинзи, многу самодоверба, витка линија, елеганција и страшна прецизност. 21 годишната Американка Сани Ли ќе направи неверојатни салта без раце, ќе падне, ќе стане, ќе продолжи и ќе си замине од Париз со еден златен и два бронзени медали. Висока е 152 см.

Со ваков гол се влегува во Лига на шампиони

Слован Братислава собра неколку искусни ветерани како Роберт Мак, Владимир Вајс, Тигран Барсегјан (да, што играше во Вардар во историските сезони во Лига Европа), Јурај Куцка и други. Синоќа со 2-0 го совладаа кипарски АПОЕЛ во првиот меч од 3. квалификациско коло за Лига на шампиони. Роберт Мак псотигнал прекрасен гол во 90+3’ минута а победникот од овој двомеч оди на дански Мидтјиланд.

Како помина Македонија во теквондо на минатите Олимписки игри?

Таеквондистката Милјана Рељиќ и борачот Владимир Егоров се нашите следни натпреварувачи кои денеска ќе настапат на најголемиот спортски собир во Париз. Убаво е да се потсетиме на блесокот во Токио.

Бељаџија на денот

Тој што не прати, не знае или можеби не верува во Четџипити (ChatGPT), може зериозно да се заебе па дури и да направи хистерија по социјални мрежи. Ова е стварно многу добро смислена беља.

Лудиот гол на Србинот Јакшиќ во последна секунда за полуфинале

Репрезентацијата на Србија ја совлада Грција 12-11 во четвртфиналето од ватерполо турнирот на Олимписките Игри. Грците израмнија на 6 секунди пред крајот, а при нерешен резултат 11-11 Никола Јакшиќ со фантастичен шут од далечина во последна секунда го совлада грчкиот голман за големо славје и пласман во полуфинале.

Невидената драма меѓу Франција и Германија

Во четвртфиналето од ракометниот турнир на Олимписките Игри се случи драма каква што не се памети во историјата на овој спорт. Германија го совлада фаворизираниот домаќин Франција 35:34 после продолженијата до кои стигна на апсолутно луд начин.

Медал да има и за китот

Да потсетиме дека на Летните Олимписки игри има и сурфање, спорт воведен од Токио 2020. И животни влегоа во конкуренција за пиадесталот.

Како почнал Дуплантис?

Арманд Дуплантис ги постави последните ДЕВЕТ светски рекорди во скок со стап. Талентот се познава од мал.

Кинеското чудо од дете стигна до трето злато!

Родена на 28-ми март 2007-ма година, со само 17 години Кинеската Цуан Хунчан е права олимписка сензација. Таа се натпреварува во скокови во вода. Во Токио во 2021 пред три години освои злато со скок од 10 метри, а во Париз триумфираше во истата дисциплина. Цуан буквално ја растурила цела конкуренција а во првата од петте серии имала спектакуларен скок и добила совршена оцена 10. Таа направила три ипол салта а публиката била во шок што гледа. Речиси да немало капка надвор од базенот при скокот во водата.

Ја видовте ли холандската турбо инџекшн машина?

Не може да ја пофатиме Олимпијадава. Милион ствари има. Штафетата 4x400 микс е една од задолжителните трки за гледање.

Голманот Огнен Чанчаревиќ со еврогол на летото

И покрај тоа што грчки АЕК како голем фаворит влезе во дуелот со ерменска Ноа која во 1. коло на два пати ја совлада тетовска Шкендија, Ерменците направија голема сензација и славеа убедливо 3-1. Голманот Огњен Чанчаревиќ постигна прекрасен погодок од свој гол, а домашните дури во 90+7’ минута постигнаа и трет гол за помирно гостување во Атина следната недела.

Солзи тешки 4 години

Дваесет и едно годишниот Австралиец Џош Гиди од 2021-ва е во НБА во Оклахома Сити Тандер која го избра на драфт, а сега од неодамна е во Чикаго Булс. Гиди во 1/4 финалето против Србија постигна 25 поени со 5 скока и 4 асистенции и беше најзаслужен што Австралија во еден момент отиде на +24 поени предност. Но на крај изгубија а тој не можеше да верува што ги снашло.

Во Шкотска ечи песна за Кристијан Трапановски

Македонската инвазија во шкотскиот фудбал зема замав. Минатата сезона Бојан Миовски беше прогласен за играч на сезоната во Абердин, а се најде и во тимот на сезоната на шкотската Премиер лига. Уште не почната новата сезона, Кристијан Трапановски и Давид Бабунски се веќе хит во Данди Јунајтед. Првиот има 4 гола на 5 настапи од кои 3 во Куп и деби гол во првенство со кој се најде во тимот на неделата, а вториот е назначен за капитен и на 4 меча има 2 гола. Навивачите еуфорично пејат за Трапановски, кој летово пристигна од Шкупи.

Каков ли наслов да стави човек за ваков несреќен скок со стап?

Францускиот атлетичар Антони Амирати целел на медал на овие Олимписки игри, ама остана без пласман во финале поради неуспешниот скок. Ја бутна летвата. Со што? Сами ќе забележите.

Тајм-аутот на Пешиќ кој ги сврте работите

На почетокот на мечот Австралија - Србија, Пети Милс и Џош Гиди правеа што сакаат во српскиот рекет и Австралијците во еден момент стигнаа до страшна предност од 24 поени разлика. Српскиот селектор Светислав Пешиќ свика тајм-аут на кој грмеше: „Удрете малку, направете фаул, пет пенали, што ги гледате бре“?