Случаен гледач го победи Лилард на Ол-Стар и доби 100.000 долари
За време на шоуто на сите ѕвезди од НБА во Сан Франциско, имаше и една интересна епизода. Случајно избран навивач од салата, го предизвикува врвниот шутер и суперѕвезда на Милвоки Бакс, Дамијан Лилард во шут за три поени. На крајот малиот 18-годишен студент Џарен Барахас го победил Лилард и освоил награда од 100.000 долари. „Ова значи целиот свет за мене, ќе ми помогне на мене и на семејството многу во идинина. Се надевам ќе ми помогне да си го доплатам школувањето и така ќе биде“.