Најголемата Ол стар будалаштина, преку кола ја заби

Кошаркарот на Орландо, Мек Меклан стана прв во историјата кој победил на натпреварот за забивање три години по ред. Инаку не игра во НБА.

Мекланг не е дел од НБА, туку од развојната лига и ноќеска испиша историја на Ол стар викендот, откако стана победник во натпреварот во забивање три години по ред.

Три пати победник во забивање е и Нејт Робинсон, но Мекланг е првиот што тоа го стори три години во низа.

Ѕвездата на развојната лига приреди извоноредно шоу со четири максимални оценки од 50 поени во сите четири забивања.

Најголемата лудорија беше забивањето преку автомобил, а успеа да забие и со две топки наеднаш. 

„Тоа е нешто што сакам да го правам. Тука доаѓа до израз мојата креативност, искрено го сакам ова натпреварување, сакам да забивам“, изјави Мекланг.

Втор на мечот во забивање заврши Стефон Касл од Сан Антонио.

16 февруари 2025 - 08:36