Реал Мадрид поведе преку Килијан Мбапе во 15' минута а домаќините израмнија преку хрватскиот ветеран Анте Будимир од пенал во 58-ма минута. Шпанските медиуми објавија и дека Белингем еднаш веќе го навредил истиот судија, на еден претходен натпревар против Еспањол.
Англичанецот после натпреварот изјави дека не му е јасно зошто добил црвен картон:
„Не му кажав ништо лошо на судијата. Јасно беше дека станува збор за комуникациско недоразбирање. Реков само од*би.
Можете да ја видите вистината и покрај извештајот на судијата. Среќен сум што има видеа и може да се види ситуацијата“, прокоментира Белингем.