
Бетис со 3-0 го совлада Реал Сосиедад и се искачи на 8-мо место на табелата во Ла Лига. Антони постигна прекрасен гол во 51-ва минута од натпреварот на кој гостите од Сосиедад добија два црвени картони, прво уште во 20-та минута Зубелдија па во 75-та Бекер.
Антони синоќа против Реал Сосиедад имаше асистенција и гол, создаде четири шанси и заработи пенал. Натпреварот го завршил со 85 контакти со топката и заслужено е избран за играч на натпреварот, по втор пат во шпанска Ла Лига каде освои вакво признание и на дебито.