Македонија најверојатно со врвен евролигашки тандем ќе напаѓа пласман на Европско

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва ќе го има првиот собир пред најважните два дуели за оваа генерација. Македонија ја очекуваат два натпревари на кои би можела да обезбеди пласман на Евро2025.

Кошаркарската репрезентација на Македонија се соочи со неколку порази во квалификациската група поради што ги закомпликува работите за пласман на Еуро 2025.

Црвено-жолтите играат во петок против Естонија на гости и мора таму во Талин да победат со најмалку шест поени разлика. Во понеделник Македонија ќе се сретне против Полска во Скопје каде исто ќе бара триумф од најмалку 6 поени разлика но за сигурен пласман на Европско првенство ќе мора да се надева и дека Литванија ќе го оправда фаворитскиот статус и ќе слави на мечот со Естонија.

Standings provided by Sofascore

За таков подвиг Македонија ќе има помош од најдобриот кошаркар во Евролига сезонава, натурализираниот Американец Ти-Џеј Шортс кој по доаѓањето од Бон блеска во дресот на Париз.

Парижаните играат дебитантска сезона во Евролига и се најголемо изненадување. Долго време беа дури и први на табела благодарение на победите кои им ги донесе Ти-Џеј Шортс. Шортс сезонава во Евролига за Париз бележи во просек по 16,9 поени, 2,3 скока и 8,5 асистенции по натпревар што е еден од најдобрите учиноци во елитното друштво.

Покрај Американецот, за Македонија на овие два натпревари речиси сигурно ќе настапи и Ненад Димитријевиќ кој игра за Милано.

Македонија последен пат играла на Европско првенство во 2015-та година кога овој турнир се играше во Хрватска. Од тогаш македонските кошаркари немале пласман на Еуро.

Важно е да се напомене и дека овојпат отсутен ќе биде лидерот на МЗТ Скопје Дамјан Стојановски поради повреда, а од иста причина ќе отсустува и Адем Мекиќ.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Работнички
Дамјан Робев – Работнички
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Шошкиќ – Работнички
Теодор Симиќ – Кожув
Страхил Николов – ТФТ Скопје
Ненад Димитријевиќ – Олимпиа Милано
Лејсон Зеќири – Башкими
Андреј Јакимовски – Колорадо
Ти Џеј Шортс – Париз

17 февруари 2025 - 14:43