Еден од највисоките и најдобри кошаркари во НБА лигата Виктор Вембанјама дефинитивно заслужено е во најтесниот круг кандидати за МВП наградата за најдобар играч на сезоната. Тој синоќа се врати на паркетот по незгодната повреда на претходниот меч и го водеше Сан Антонио Спарс до нова победа, 114:93.
Режисерот на големото дерби во Лига на шампиони ПСЖ - Манчестер Сити после натпреварот подолго од вообичаено го вршеше преносот и лудото славје на фудбалерите од Париз. Францускиот шампион направи голем пресврт и од 0:2 се врати и славеше 4:2 против големиот ривал. Прослава како да освоиле Лига на шампиони.
Старите искусни тренери знаат да кажат дека сите видео-анализи, таблети, лап-топи, база на податоци паѓаат во вода кога натпреварот ќе почне. Еве доказ за тоа:
Манчестер Сити се соочи со тежок пораз во претпоследното коло од групната фаза во ЛШ. Водеа 0:2 во Париз, загубија 4:2. Изненадувачки лошо помина и Баерн Минхен на гостувањето против Феенорд. Реал Мадрид пукна петарда, миланските екипи со минимални победи, Динамо немоќен против Арсенал.
Австралија опен ни носи прекрасна сторија. Двајца возрасни навивачи, маж и жена се сликале со Новак во Мелбурн пред 20 години и верувале во него дека ќе направи кариера. Се гледаат за прв пат после таа средба и тоа во живо на Еуроспорт. 20 години подоцна, Србинот тежи 24 Гренд слем титули.
На возраст од 4 години Александар Зверев се соочил со проблеми со висок шеќер и веднаш го ставиле на инсулин. Докторските совети пред две децении биле да заборави на тенисот и воопшто на било каков спорт. Не ги слушал ни нив, ниту родителите кои се обиделе да го спречат. 27 годишниот Германец денеска е втор на АТП, а во полуфиналето во Мелбурн ќе игра против Ѓоковиќ.
Фудбалската федерација на Македонија објави видео од моменталната состојба во која се наоѓа нивната академија. Ја затекнале во мизерна состојба од претходното раководство. Како да е напуштена земјоделска задруга, а не куќа на фудбалот, која треба да служи како пример и извор за пронаоѓање и негување на таленти.
Шекил О`Онил и Никола Јокиќ имаат посебна конекција, а тоа се должи на респектот на легендарниот центар, кој го има кон актуелниот легендарен центар кој дроби во НБА. Му подготвил изненадување кое рече дека ќе му го прати.
Филип Кузмановски игра ракомет на животот на Мундијалот во Хрватска. Играчот на Еурофарм Пелистер синоќа постигна 4 гола од кои последниот на мечот беше спектакуларен, за голем бод на Македонија. Еве еден пригоден коментар за тој погодок:
Српскиот клуб Обилиќ чиј сопственик беше командантот на Српската доброволна гарда и пратеник во српскиот парламент Жељко Ражнатовиќ-Аркан, една сезона им ја зема титулата на „вечните шампиони“ Црвена звезда и Партизан и играше квалификации за Лига на шампиони.
Запознајте го 27 годишниот Американец, Тирик Џонс кој има играно во Јужна Кореја, Израел, Италија, Турција, а од лани настапува во Србија. Знаете ли некој појак од него во географија?
Ѓоковиќ ја мина тешката четвртфинална пресметка против Алкараз и тоа со пресврт од 0:1 на 3:1, а кога во вториот сет го направи првиот брејк, коментаторот го нарече Новак тениски професор и потоа се надоврза со друга тема.
Веднаш по завршувањето на мечот Македонија - Австрија 29:29, драматичен крај имаше и на средбата Катар - Холандија. При резултат 37:37, на Холанѓаните им преостанаа само 3 секунди до крај за напад. Ја реши Нилс Верстеијнен со гол од 9 метри.
На убавиот и култен стадион „Ренато Дал'Ара“ сезонава за првпат се игра Лига на шампиони после точно 60 години по последниот настап на Болоња во некогашниот Куп на европски шампиони. Ја забележаа првата победа и тоа после пресврт во само неколку секунди против Борусија Дортмунд.
Освен што играат храбро и позрело на ова Светско првенство, македонските ракометари умеат да направат и атракција за публиката. Една таква режираа Мартин Велковски и Ненад Костески. Убавецот на македонската репрезентација, што би рекол Тони.
На стадионот „Луж“ во Лисабон синоќа пред повеќе од 50.000 гледачи Бенфика и Барса го одиграа најлудиот натпревар досега сезонава во Лига на шампиони. Домаќините водеа еден момент и 3-1 па и 4-2 на 12 минути пред крај а гостите на крај славеа 4-5. Главниот судија на мечот досуди три пенали, еден за домаќините и два за гостите а во 90+8' минута од продолжението му даде црвен картон на Артур Кабрал.
Фудбалерите на Барселона ја победија Бенфика на гости со 4:5 после голем пресврт откако губеа 3-1. Лига на шампиони со еден куп голови, луди црвени картони и неверојатни пресврти.
Никакво значење нема разликата од 16 години меѓу Ѓоковиќ и Алкараз. Судирот на генерации го доби искуството пред младоста. И тоа Новак губеше 0:1, за на крај да слави 3:1 и да запише фасцинантна бројка од вкупно 50 полуфиналиња на Гренд слем турнирите. Кралот на Австралија опен има скор во Мелбурн од 99:9. Во полуфинале го чека нов тежок противник, а тоа е Александар Ѕверев. Уживајте во најдоброто од денешната победа на челичниот Србин кој го надигра Шпанецот.
Македонските ракометари ни го кренаа адреналинот на ова Светско првенство и изрежираа битки на нерви. Ремито со Австрија 29:29 го остварија на многу храбар и јуначки начин. Финишот беше луд, но и успешен после инструкциите на селектор, кој им нацрта акција која требаше да ја спроведат за 4 секунди.
Видео кое кај секој љубител на калчото ќе разбуди носталгија. Серија А во најдобрите времиња. Пипо Инзаги кој се прослави по дремење во офсајд, еднаш се погоди да му кренат офсајд знаменце иако беше 5 метри пред противничката одбрана.
На дуелот меѓу женските екипи на Вестерн Сиднеј и Перт Глори во австралиската женска А-лига кој заврши 4-1, домашната фудбалерка Грејс Махер постигнала неверојатен гол од корнер. Ова и на ретко кои машки фудбалери им успеало.