Арнаутовиќ му ветил на Синиша дека ќе потпише за Ѕвезда

Бомбастичен трансфер падна кај нашите соседи. Марко Арнаутовиќ и официјално е нов играч на Црвена Ѕвезда.

Ветеранот на селекцијата на Австрија и довчерашен фудбалер на Интер потпиша две годишен договор со Ѕвезда.

36 годишниот Арнаутовиќ стана најплатен играч во историјата на српскиот фудбал. Австриски Sky пишува дека платата ќе му биде 2,5 милиони евра по сезона.

Арнаутовиќ е роден во Виена. По мајка е Австриец, а по татко Србин. Доаѓа со педигре од Германија, Англија и Италија.

Кариерата ја почна во Твенте 2007-ма, а потоа настапуваше за Интер, Вердер, Стоук, Вест Хем, Шангај, Болоња, па повторно Интер со кој има две Скудета, Куп, Супер Куп и ЛШ.

Има 125 репрезентативни настапи и 41 гол.

Во едно од видеата вели дека му ветил на Синиша Михајловиќ дека еден ден ќе заигра за Ѕвезда. 

22 јули 2025 - 09:11