
Македонската младинска репрезентација во Баскет 3х3 ја совлада Германија со 14:10, и ова е само втора победа за Македонија на ЕМОФ Скопје 2025 во екипните спортови.
Најдобар играч на мечот беше Благојче Димитровски со 10 поени, Ѓоровиќ постигна два, а по еден дадоа Наум Марковски и Дамјан Стојановски.
Триумф славеа и девојките кои ја совладаа Литванија со 14:10.
Во останатите екипни спортови, македонските репрезентации повторно беа поразени.
Најблиску до победа беше машката кошаркарска репрезентација, која по продолжение загуби минамално од Летонија со 97:98, додека девојките беа декласирани од Германија со убедливи 18:91.
Младите ракометари бележат трет пораз во низа, овој пат од Исланд со 27:36, додека ракометарките беа поразени од Норвешка со 23:31.
Порази доживеаја и одбојкарските селекции, момчињата од Белгија со 0:3 и девојките од Турција 0:3.