
Успешен натпреварувачки ден за македонските пливачи на ЕМОФ Скопје 2025, кои имаа одлични индивидуални настапи, со нови државни и лични рекорди во повеќе дисциплини.
Дамјан Станковски постави државен рекорд до 14 години на 200 метри градно со време од 2:35:41, соборувајќи го досегашниот резултат 2:37:90.
Лични рекорди на возраст до 15 години поставија Даниел Милошевски на 400 метри слободно (4:25:11), Никола Велковски на 400 метри градно (4:21:50 ) и Михаил Алексовски на 200 м градно (2:38:01), како и Милан Јанковски на 100 м грбно на возраст до 14 години.
Единствена нашата натпреварувачка која избори пласман во полуфиналето е Неда Миленковска на 200 метри пеперутка.
Медалите на првата официјална церемонија на ЕМОФ Скопје 2025 ги врачи претседателот на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос,
Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, на секоја од медалистките ѝ подари маскота, како симбол на фестивалот и вредностите што го обединуваат.
Македонија во тимските спортови немаше успешен настап. Загуби во сите три спортови и во машка и во женска конкуренција (ракомет, кошарка, одбојка).
Светски рекорд во скок со стап на првиот ден на игрите во Скопје