Offside

Еден од највисоките и најдобри кошаркари во НБА лигата Виктор Вембанјама дефинитивно заслужено е во најтесниот круг кандидати за МВП наградата за најдобар играч на сезоната. Тој синоќа се врати на паркетот по незгодната повреда на претходниот меч и го водеше Сан Антонио Спарс до нова победа, 114:93.

Мората помина глатко покрај навивачи на Галатасарај

Турска сцена која ретко се случува, а тоа е да помине славно име, кој ги носел дресовите на Реал, Атлетико, Челси, Јувентус, Милан и навивачите да не го препознаат. Инаку Алваро Мората беше еден од стрелците на Галатасарај кој триумфираше во Купот против Болуспор на гости 1:4.

Дончиќ му се изнасмеа на Драјмонд Грин за утнат зицер

Во НБА во последниве неколку денови се случија еден куп претумбации. Големи суперѕвезди како Дончиќ и Батлер сменија средини, имаше многу размени и необични селидби. Синоќа Леброн Џејмс го водеше ЛА Лејкерс до нова, 4-та победа по ред, трета против Голден Стејт сезонава. Имаше Џејмс 42 поени и го надмина Мајкл Џордан со таков учинок на 40 години и 38 дена. Лука Дончиќ беше на клупа и му се изнасмеа на Грин кога промаши зицер од под кош.

Леброн урна голем рекорд на Мајкл Џордан

Неверојатниот Леброн Џејмс на свои 40 години игра како во раната младост. Тој синоќа на ЛА Лејкерс му ја донесе четвртата победа по ред, овојпат против Голден Стејт Вориорс 120:112. „Кралот Џејмс“ урна неколку рекорди и стана највозрасниот кошаркар кој дал над 40+ поени во НБА.

Столе за 30 минути прими 4 гола од Барса

Валенсија, која е претпоследна на табела во Ла Лига, доживеа нов дебакл од Барселона (0:5) и во Купот каде ги завршува настапите во четвртфинале. Домаќините се распаднаа по само половина час игра кога на семафорот стоеше 0:4. Дел од навивачите го напуштија стадионот уште во 23 минута. Лоша вечер на Столе Димитриевски кој доби шанса во стартната постава.

Атракција на Алкараз, кандидат за поен на годината

Карлос Алкараз го збриша Андреа Вавасори во осминафиналето на АТП турнирот во Ротердам за 1 час и 5 минути со 6-2 и 6-1. Погледнете во еден момент што му одигра на Италијанецот. Шоу.

Икич се јави со видео откако го умреа

Дел од македонските портали вчера објавија дека починал Илија Темелковски. Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација лично и персонално сними видео за да демантира. Инаку со Темелковски како селектор се поврзани најголемите успеси во нашиот машки репрезентативен ракомет.

Се има ли пак осмелено?

Италијански репортер зборува на тема трансфери, а во фокусот е Алехандро Пато кога во 2016-та замина во Челси. Тоа се тие ризици кога човек се јавува во живо. Иако и другиот не е безбеден.

Италијанската поврзаност и спомените за Коби Брајант

Пет години по неговата смрт, Реџо Емилија се потсеќа на кошаркарската легенда и ја раскажува приказната за двете години поминати во нивниот град. Коби дошол на 11 години, додека татко му бил кошаркар на Реџана.

Судија ни жолт картон за ова?

Њукасл и тренерот Еди Хау стануваат права енигма за Арсенал и Микел Артета. Сезонава ги добија дури три пати од кои два пати по 2:0 во Лига Купот. Англискиот репрезентативец Деклан Рајс синоќа ја продолжи битката со Бруно Гимараеш а по еден груб старт за картон, судијата не покажал ништо.

Луда тројка од кај логото со звукот на сирената вредна победа на Кливленд

Во спорт како кошарка, 5 секунди се повеќе од доволно време за јунаци како Дариус Гарланд, кој ладен како шприцер им тргна сам на кошаркарите на Детроит Пистонс и ги реши со шут од скоро пола терен при резултат 115:115. И потоа како да нема делириум.

Парола со трансферот на Дончиќ на протестите во Србија

Преминот на Лука Дончиќ од Далас во Лејкерси е мега вест деновиве. Во Нови Пазар ја искористија во политички контекст.

Трамп потпиша декрет за забрана на трансродови спортисти

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа потпишал декрет со кој на трансродните спортисти им се забранува да учествуваат во женски спортови.

Штом за сопствен гол се држи за глава, значи тоа е тоа

Ќе речеш глупа спортска среда со Куп натпревари, а тоа еден куп возбудувања, пресврти, голчишта. Кан и Див одиграа спектакуларен натпревар во Купот на Франција кој заврши 5:3. Фудбалер на домаќините по име Жулиен Домингес, се чудеше на сопствената мајсторија.

Чујте и почујте, ВАР одлуката ќе биде соопштена на звучници

За прв во историјата на меч од Купот на Германија, судијата јасно и гласно соопшти ВАР одлука која можеа да ја слушнат сите. И тоа во 113 минута на мечот Баер Леверкузен - Келн при резултат 3:2. Нема гол за гостите, офсајд е, домаќините може да здивнат.

Деби гол за Реал во 93-та минута вреден полуфинале

20 годишниот Гонзало Гарсија го одигра третиот натпревар во дресот на Реал Мадрид. Два му се од минатата сезона во Ла Лига, а овој му е прв во Купот кој ќе го памети до крајот на животот. На гостувањето против Леганес при резултат 2:2, ја смести топката во гол и со тоа го однесе својот тим во полуфиналето.

Жоао Феликс со школски гол на дебито за Милан, навивачите во еуфорија

Фудбалерите на Милан ја победија Рома 3:1 и се пласираа во полуфинале на Купот на Италија. Натпреварот го реши Тејму Абрахам со два гола, во 16' и 42' минута кога беше 2-0 за Милан а двата гола ги даде на асистенции на Тео Ернандез. Артјем Довбик ја врати Рома во игра во 54-та минута но во 72-ра нововлезениот Жоао Феликс постигна гол на дебито за Милан на асистенција на исто новодојдениот Мексиканец Сантијаго Хименез.

18-годишен талент со еврогол го реши дербито Олимпијакос - ПАО

Осумнаесет годишниот Христос Музакитис го реши најголемото грчко дерби Олимпијакос - Панатинаикос во четвртфиналето на грчкиот Куп. Првиот меч на стадионот на ПАО заврши 1-1 а синоќа на реваншот немаше голови сè до 90+4' минута кога малиот Музакитис со прекрасен еврогол го однесе Олимпијакос во полуфинале.

Прв допир со топка на Нејмар и...

А да си фатиш самба со време?

Њукасл пак го реши Арсенал

Њукасл по трет пат го совладува силниот Арсенал кој пред само неколку дена со 5-1 го згроми Манчестер Сити. Сега во полуфинале од Лига Купот на Англија Њукасл пред своите навивачи славеше со ист резултат 2-0 како и на првиот меч во Лондон на „Емирати“ кога беше 0-2. Њукасл поведе во 19' минута преку Марфи а нивниот најдобар играч сезонава Гордон постигна гол за 2-0 во 27-ма минута.

Обрадовиќ збесна на тајм-аут

Кошаркарите на Партизан ја победија екиипата на Виртус Болоња 81-71 на гости во Италија и забележаа триумф кој ги држи на место кое води во плеј-ин сега засега. Партизан синоќа се одлепуваше, Виртус се враќаше и тоа беше причина најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ во еден момент да збесне на клупата.

Едно од најлегендарните интервјуа со тројца играчи на Манчестер Јунајтед

Не знаеме дали на Твитер потсетуваат на клипов поради денешниот роденден на Роналдо или пак сакаат да се надоврзат на неговото вчерашно интервју за шпанските медиуми.

Радоста кога се стануваше есенски првак во Југославија

Лепота од видео ни застана на патот на социјалните мрежи. Се слави на големо, се пука шампањ, се скандира шампиони, шампиони. Тренер Андон Дончевски (најдобар стрелец во историјата на Вардар). Ги гушка негови помошници, уште двајца легенди на клубот, Кочо Димитровски (најмногу настапи во историјата на Вардар) и Методија Спасовски (втор најдобар стрелец). Каков носталгичен клип.

Има ли длабока позадина во ненадејната трампа на Лука Дончиќ?

Медиумите во САД, кошаркарите во НБА и други аналитичари, сè уште не можат да најдат логично објаснување и одговор на прашањето зошто Далас Маверикс решил преку ноќ да се откаже така лесно од еден од најдобрите кошаркари во лигата?