Offside

Еден од највисоките и најдобри кошаркари во НБА лигата Виктор Вембанјама дефинитивно заслужено е во најтесниот круг кандидати за МВП наградата за најдобар играч на сезоната. Тој синоќа се врати на паркетот по незгодната повреда на претходниот меч и го водеше Сан Антонио Спарс до нова победа, 114:93.

Драматичниот крај на дуелот Фенербахче - Панатинаикос

Евролигата донесе нов натпревар со целосно непредвилива завршница. Панатинаикос - Фенербахче 90:90, остануваат уште неколку секунди до крај. Турците имаат напад за победа, промашуваат и прават брз, веројатно избрзан прекшок. Нан изведува слободни фрлања на паметен начин. Првото го погодува, второто го промашува, бидејќи за гостите нема повеќе време. Останаа само 0,5 секунди.

Го збудалеа тренерот на Болоња за пласманот во полуфинале после 26 години

Болоња ја совлата незгодната Аталанта на гости со 0:1 и со тоа обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Италија по пауза од 26 години. Навивачите се во транс, со лименки пиво го пречекаа тренерот Винченцо Италиано. Во битката вредна пласман во финале ќе се борат со подобриот од дуелот Јувентус - Емполи.

60 години Хаџи, левата нога на ѓаволот

Романската фудбалска икона е родена на 5 февруари 1965-та. Волшебник со топката, најјак играч во историјата на своја земја. Крупен, кавгаџија, бунтовник, горд. Но каде и да играше му даваше убавина на фудбалот. Од Реал Мадрид, па до Бреша.

Стравичен пад на шампионот во МотоГП

Пред стартот на новата сезона во најдобрата мотоциклистичка трка на светот МотоГП, тестирања има на патеката „Сепанг“ во Малезија. Синоќа актуелниот светски шампион и возач на Априлиа Хорхе Мартин имал страшен пад на патеката. За среќа минал добро, без посериозни последици, а се пожалил само на болки во левата нога и десната рака.

Во Аргентина фудбалот е религија

Навивачка на Естудијантес Ла Плата покажува колку ѝ значи омилениот тим и додека навива, доживува емотивна екстаза. Во Аргентина почна новата сезона. Естудијантес е прв на табела после 3 кола со 2 победи и една нерешена, има 7 бода.

Чии фотографии држи Јокиќ во својот плакар во соблекувална?

Никола Јокиќ повторно ја изненади и воодушеви јавноста во САД откако еден корисник на друштвената мрежа Х објави фотографија од плакарчето на Јокиќ во соблекувалната на Денвер. Обично кошаркарите чуваат слики од семејствата, децата, сопругите, родителите. Не. Јокара чува слика од своите омилени коњи.

Денис Шредер за трампата на Дончиќ: „Ова е современо ропство“

Германскиот репрезентативец и кошаркар на Голден Стејт Вориорс кој во 2023-та стана светски шампион со Германија по големото финале со Србија, вели дека и самиот е шокиран како и сите други од изненадната трампа на Лука Дончиќ во ЛА Лејкерс.

Го имаме ли тенискиот поен број 1 за 2025-та?

Томи Пол, кој е на 9. место на АТП, го елиминираше Џенсон Бруксбај на турнирот во Далас и обезбеди пласман во осминафинале. 27 годишниот Американец изведе атракција каква што ретко се гледа во тенисот. И на коментаторите не им се веруваше.

Го прашаа Шек за дебелината на Дончиќ

„Јас не вежбав за време на летото, затоа што имав други обврски, како што е семејството и тоа беше мој начин на работа, кој функционираше. Знаете како вели еден мој другар: Лука дебел е подобар од 99,9% од сите бекови во лигата“.

Симеоне брутално искрен за тактиката на Бернабеу

Атлетико Мадрид го торпедираше Хетафе со 5:0 во Купот, ама затоа во сабота го чека мега тежок дуел против градскиот ривал Реал Мадрид на гости. Го прашаа Симеоне како ќе им игра? Како и секогаш, ќе го паркираме автобусот, рече Диего и се здроби од смеење.

Дете твој е голот на сезоната во Швајцарија, никој нема да го повтори ова

Николас Муци од Грасхоперс треба да биде најсреќен што негов соиграч промаши пенал. Инаку немаше да му се случи можеби голот на кариерата. Погледнете ја оваа акробација на само 21 година.

Збунувачка ситуација за Дончиќ во соблекувалната на Далас

НБА Финале 2024. Лука Дончиќ со лименка пиво. Се појавува потпретседателот на Далас, Мајкл Финли и мртов ладен му го зема од рака.

Лука Дончиќ претставен во ЛА Лејкерс, па од клупата го гледаше својот нов тим

Лејкерс го претстави Лука Дончиќ а суперѕвездата на промоцијата во новиот клуб изјави дека и тој бил шокиран како и целиот кошаркарски свет по трампата која ја иницирал неговиот Далас Маверикс.

Хрватската ракометна мега лудорија која повеќе не се повтори

Откако го испративме супер интересното 29. Светско ракометно првенство, од преполнетата спортска медиумска сцена, на површина излезе еден кус клип кој се гледа минимум три пати. Се работи за Олимписките игри 2004 на кои златото го освоија Хрватите. Ова е меч против Грција, а велемајсторот е Никша Калеб, инаку светски шампион една година порано.

Кристијано Роналдо со нови два гола се приближува до лудата цел

Во натпревар од 7. коло на азиската Лига на шампиони, Ал Наср со 4-0 го совладал Ал Васл. Кристијано Роналдо дал два гола, во 44-та и во 78-ма минута. Со тоа стигна до бројката од 923 погодоци на официјални натпревари. Најдобар стрелец е во историјата на репрезентативниот фудбал (135 гола), најдобар стрелец во историјата на Лига на шампиони (140 гола), најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид (450 гола).

Паб во Англија најавил кригла за секој гол на Нотингем, Нотингем победи 7:0

Некогашниот двократен европски шампион, Нотингем Форест кој предводен од легендарниот Брајан Клоф станал најголема сензација на крајот од седумдесетите и почеток на осумдесетите години, сега повторно прави навивачите да сонуваат. Нотингем Форест после години и години во втора и трета лига, конечно фати ред.

Интересно корео на навивачите на Цирих

Во швајцарската Супер лига после 21 коло прв е Лугано со 38 бода, втор е Базел со 37, трет Луцерн со 36 а четврти Сервет со 32. До крајот ќе има голема борба за титулата. Минатиот викенд Цирих го пречекал Базел во дербито на колото кое гостите го добиле 0-1. Домашните навивачи направиле супер досетлива кореографија.

Роналдо: Јас сум најдобар фудбалер кој постоел, не сум видел појак од мене

Во три децении следење фудбал, не сме чуле и виделе некој играч до толку да е опседнат со себе. Неверојатно нарцисоиден лик, од коцките на стомакот до головите и успесите. Си се самопрогласи за број 1 :). Каква величествена скромност.

Манчестер Сити во неколку дена на трансфери потроши 218 милиони евра!

Во последните мигови од зимскиот трансфер преоден рок, англискиот шампион Манчестер Сити беше најактивен од сите клубови во европските топ5 лиги.

Проштално видео на Далас за Лука

422 натпревари, 12.089 поени, 3.489 асистенции, 3.655 скока. Прв играч во НБА историјата со 60 поени, 21 скок, 10 асистенции. Лидер по број на трип-дабл на Далас. Многу решавачки поени, луди тројки, атракции. Словенечкото чудо од дете со број 77, остави голем и тешко достижен белег во седум годишната авантура во Далас Маверикс.

По страшен дуел, го прашувале Гави кој ден е и колку е часот?

Барселона во неделата едвај го совлада Алавес 1-0 со гол на Роберт Левандовски во 61' минута и ја продолжи трката за врвот. Сега Барса е трета со 45 бода, Атлетико Мадрид втор со 48 а прв е Реал Мадрид со 49 бода. Сите имаат одиграни по 22 натпревари. На овој дуел со Алавес Гави заработил силен удар во глава после што малку како да се подзагубил па докторите го прашувале кој ден е и колку е саат.

Ја имаме ли интервенцијата на месецот во Премиер лига?

Челси го доби лондонското дерби против Вест Хем со пресврт од 0:1 на 2:1. Погледнете го совршениот слободен удар на Кол Палмер, кој се соочи со одбрана, онаму каде што обично голманите се немоќни. Маестрална парада на Алфонсо Ареола.