Луис Енрике: „Тотенхем заслужи да победи“

Шпанскиот стратег ја збогати својата колекција трофеи откако синоќа го совлада Тотенхем на пенали. Англискиот тим кој е актуелен освојувач на Лига Европа, водеше 0-2 до 85' минута. Парижаните се изборија за реми во 85-та и 90+4' минута а после и славеа на пенали.

Epa images
Epa images
Photo: Epa Images

„Дали мислите дека заслуживме да победиме? За 80 минути Тотенхем заслужи да победи, ние не заслуживме. Почуствуваме дека се во форма, дека се во тренинг подолго време, ние тренираме само шест дена. Но некогаш фудбалот е нефер, морам да кажам дека имавме многу среќа во последните минути кога постигнавме два гола. Моите играчи се бореа до последни моменти, како и нашите навивачи. Фудбалот е непредвидлив и ние бевме многу среќни“, изјави Луис Енрике, тренерот кој освои Лига на шампиони, Лига 1, Куп на Франција и Супер Куп со ПСЖ.

Малерозен крај на Тотенхем, остана без трофеј после водство од 2:0

14 август 2025 - 09:01