Новото чудовиште во гаражата на Халанд

Дваесет и пет годишниот расен стрелец Ерлинг Халанд не престанува да го задоволува својот апетит за бесни ѕверски возила. Последно во низата кое го купил и со кое го збогатил својот возен-парк е Шелби Супер Снејк Ф-150 камионет, производство на Форд. Овие гиганти се гледаат обично на отворените далечни патишта низ САД, а Халанд дошол со него на тренинг во кампот на Сити во понеделникот.

Овој ѕвер чини 200.000 евра. Има 785 коњски сили и развива до 100 км/ч за 3,4 секунди. Халанд поседува уште и страшен Мерседес АМГ Оне вреден 3,13 милиони евра и Бугати Турбилион за кого дал вртоглави 4,7 милиони евра. Поседува и Мерседес-Бенц ГЛЕ Купе АМГ 63 С 4Матиц како и Ролс Ројс Кулинан

Норвежанецот во февруари годинава потпиша нов договор со Манчестер Сити според кој ќе заработува околу 500.000 фунти неделно. Да, неделно.

13 август 2025 - 14:10