Еден од највисоките и најдобри кошаркари во НБА лигата Виктор Вембанјама дефинитивно заслужено е во најтесниот круг кандидати за МВП наградата за најдобар играч на сезоната. Тој синоќа се врати на паркетот по незгодната повреда на претходниот меч и го водеше Сан Антонио Спарс до нова победа, 114:93.
Сантос со 3-1 ја победил Агуа Санта во бразилското првенство Паулиста А1. Нејмар го отворил резултатот со гол во 14-та минута од пенал, а после имал и асистенција.
Рома ја доби Парма на гости 0:1 со посебна велемајсторија на Матијас Суле. Се работи за Аргентинецот Суле кој Рома лани го купи од Јуве за 28 милиони евра. Генерација 2003-та е. Го споредуваат со Ди Марија, а омилен играч му е Меси.
Вардар не успеа со триумф да го стартува пролетниот дел од сезоната во првата лига и загуби на домашен терен од Шкендија со 1:2. Но, сепак Комити имаа повод за славење, а тоа се 15 години постоење на подгрупата од Кисела Вода.
Јувентус е во фина серија од четири победи по ред. Го доби и дербито на Италија против Интер со 1:0. Стрелец Консеисаио во 74-та минута. Обрнете внимание што му претходеше на голот. Коло Муани, дами и господа. Фантазија од потег.
Навивачите на Манчестер Јунајтед како да претчуствуваа што може да се случи со Бразилецот. Тој беше еден од најслабите играчи во нивната екипа во претходните пар сезони а дојде за астрономска сума од преку 100 милиони евра од Ајакс. Сега во Бетис на позајмица растура во само неколку недели.
Натпреварот на сите ѕвезди за годината 2025 се играше во „Чејс Центар“ во Сан Франциско. Се играше во нов формат, за првпат во историјата на елиминациски принцип, односно со четири екипи и полуфинале/финале.
На 4 март 1995-та во култната сала на словенечката кошарка „Тиволи“ во Љубљана, на тамошниот собир на сите ѕвезди, Марко Милиќ направил до тогаш невидено шоу со забивање после одраз преку цел автомобил. Потег со кој на овогодинешниот НБА ОЛ-Стар натпревар во забивање победи кошаркарот на Орландо Меџик Мек Мекланг кој во Сан Франциско победи трет пат по ред на турнирот во забивања на Ол-стар.
Хокеарскиот ривалитет меѓу САД и Канада е одамна познат, а сега поприми и некои пошироки размери со оглед на политичкиот контекст во последниве неколку недели. Сега репрезентациите на САД и Канада во хокеј се сретнаа за првпат после Олимписките Игри 2022.
Реал Мадрид одигра само 1-1 кај Осасуна на гости а еден од највиновните за таквиот исход е англискиот репрезентативец Џуд Белингем кој во 39' минута ги остави на цедило своите соиграчи откако доби директен црвен картон. Во вулгарни обраќања кон судиите веќе некое време користи непристојни зборови. Главниот судија им објасни на Модриќ и Винисиус што му викал Белингем.
Неверојатниот ветеран Хулк со два гола за својот Атлетико Минеиро во 58-ма минута од пенал и 65-та од слободен удар го реши Томбенсе во бразилското првенство Минеиро.
Се вика „Court of Gold“, содржи 6 епизоди, а премиерата е закажана за 18 февруари. Серијата ги следи селекциите на САД, Франција, Србија и Канада, кои на Олимписките игри се бореа да стигнат до златниот медал.
Имавме статија за Георге Мурешан, подзаборавениот романски центар кој просперираше во НБА во 90-те. Пази ова, го откриле на забар и појма немал што се тоа склекови и јаже за скокање. Во 1998-ма година има снимено реклама за Сникерс, едно од појаките чоколади, кое и ден денес го држат рафтовите кај нас.
Кога направи кам бек во Серија А, кога постигна гол? Елиф Елмас имаше супер деби настап за Торино. Влезе во 62 минута, даде гол во 65-та и тоа мајсторски, откако ги понижи и чуварот и голманот за предност на гостувањето против Болоња од 1:2.
По пет минати години во Атланта Хокс, Богдан Богдановиќ на 6 февруари е трејдуван во Лос Анџелес Клиперс. Веднаш влезе во погон и почна да ги шамара противниците со јаки тројки, па дури и на една нога.
Светислав Пешиќ почнува да зборува за зонска одбрана, а Душко Вујошевиќ го сече и прави мајтап на сметка на Вучиќ, кој патем и не го измислува. Па уште и меме од Шек ставиле. Цепки.
Пред пар месеци Борусија Дортмунд му гостуваше на Мајнц во натпревар во кој домаќините славеа 3-1 и ја продолжија очајната сезона во Бундеслига на Дортмунд. Навивачите на Борусија, поточно подгрупата „Десперадос“ тогаш прославиле 25-годишнина со 50-ина бакљи и убава кореографија. Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) сега ја казни Борусија Дортмунд со 47.000 евра за овој „испад“ на навивачите.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа седмиот пораз на 11-от натпревар во Лигата на шампионите откако загубија од Спортинг Лисабон со 30-24. Прв стрелец кај битолчани беше Филип Кузмановски со 6 гола. ЕХФ го величи на социјалните мрежи.