
Манчестер Јунајтед е елиминиран на пенали во 2. коло од Карабао Купот од Гримзби Таун, кој игра во Лига 2, четврта по ранг лига во Англија.
И веќе по кој знае кој пад по ред, црвените ѓаволи стартуваат очајно. Загубија од Арсенал, па одиграа нерешено со Фулам во Премиер лигата и веќе на сам почеток на сезоната кулминираа со невиден срам од клуб кој и од билтен не го знаеме.
Драмата имаше ваков тек. Гримзби на полувреме водеше 2:0 со головите на Верман и Варен во 22. и 30. минута, што е веќе срам за гостинот.
На 15 минути до крај, резултатот не се помрдна, за потоа Мбеумо во 75. минута и Мегваер во 89. да се изборат за пенали.
Крај немаа од изведување. Шутираа 13 серии или вкупно 26 пенали. Гримзби на крај победи 12:11. Клучниот пенал го промаши Мбеумо.
Головите од регуларните 90 минути
Клучниот пенал за историја
Сите пенали
Делириумот