Offside

Реномираниот британски Скај Њуз денес пишува дека на официјалната страница на ФИФА за препродажба и размена на влезници, за натпреварот во финалето предвиден за 19-ти јули во Њу Џерси, четири карти се продавале по вртоглави суми.

Убави спортски манири на Рафиња

Пред две недели беше декласиран неговиот Бразил со 4:1 од Аргентина. Значи се работи за дебакл и ривалство, најголемо во Јужна Америка. Без разлика на сè, тој синоќа го чекаше Аргентинецот Де Пол да си сменат дресови после полуфиналето во Копа дел Реј. Реткост е ова, особено во време на надуени ега.

Чалханоглу против Милан, идентично како Де Бруjн против Реал

Турчинот ги постави конечните 1:1 на градското дерби во полуфиналето од Купот, а голот потсеќа на Кевин Де Брујн и пресметката меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид во ЛШ во 2023-та.

Не му доаѓа памет и не му доаѓа, тоа ти е

Џа Морант, суперѕвездата на Мемфис Гризлис и лидер на овој тим кој сигурно ќе игра во плејофот на НБА лигата, два пати беше драстично казнет од раководството на лигата поради тоа што еднаш мавтал со оружје во ноќен клуб во Денвер во 2023-та. За тоа го казнија 8 натпревари. Иста глупост направи после неколку недели, на Инстаграм во мај месец 2023-та во видео во живо мавтал со пиштол па НБА лигата го казни 25 натпревари. Сега трета среќа.

Барди ја искина мрежата против Трабзонспор, но не го прослави голот

Капитенот на Македонија постигна втор гол во дресот на Бодрумспор, овој пат во четвртфиналето од Купот на Турција. Но од респект кон неговиот довчерашен клуб, не сакаше да слави. Трабзонспор ја доби пресметката со 3:2 и оди понатаму.

Топот на Чаланоглу на дербито Милан - Интер

Фудбалерите на Милан и Интер одиграа 1-1 во првиот дуел од полуфиналето на Купот на Италија. И двата гола паднаа во вториот дел. Прво Тејму Абрахам искористи еден кикс на интеровата одбрана и со дриблинг се ослободи од својот чувар па погоди за 1-0 и огромна радост на трибините. Интер израмни во 67-ма минута со топовски удар на Хакан Чаланоглу и реми на крајот.

Неверојатно спасен гол на дербито Фенербахче - Галатасарај

Најголемото турско дерби Фенербахче - Галатасарај повторно помина со жестока тензија на теренот и на трибините. Жозе Мурињо и домашните изгубија 1-2 во четвртфинале на турскиот Куп и испаднаа. Галатасарај победи со головите на Виктор Осимен а стрелец за Фенер беше Шимански. Во буквално 103-та минута од судиското продолжение, стоперот Дајвинсон Санчез спаси чист гол на гол-линија со ножички!

Мурињо го штипеше за нос тренерот на Галатасарај

Галатасарај одново го совлада Фенербахче на Жозе Мурињо, овојпат на гостински терен 1-2 и пак главен јунак беше Нигериецот Виктор Осимен кој постигна два погодоци. Пред, за време и после жестокото турско дерби, имаше тензија и хаос а после мечот Жозе Мурињо во еден момент го тегнел за нос тренерот на Галатасарај Окан Бурук кој падна на теренот. Жозе го очекува казна за оваа постапка.

Барса го скроти Атлетико и закажа мегдан со Реал во финале

Фудбалерите на Барселона уште еднаш покажаа дека под водство на Ханси Флик се една од најсилните екипи на светот и дека не залудно се први на табела во шпанска Ла Лига. Синоќа на реваншот против Атлетико Мадрид во полуфинале од Купот славеа 0-1 на еден од најжестоките стадиони во Шпанија. Со голот на Феран Торес во 27-ма минута после сјајна асистенција на Ламин Јамал Барселона со вкупен резултат 4:5 оди во финале.

Прво промаши пенал, па ја префрли преку стадион

И Пољаците синоќа играа полуфиналето во Куп. На првиот дуел Погон Шчечин славеше 0:3 на гостувањето против Пучша Ниполомице. Домаќините имаа можност да израмнат на 1:1, но Артур Крачун го изеде срамот. Топката уште не може да ја најдат.

Да видиш Рафа Надал како прослави гол на Реал

Реал Мадрид и Реал Сосиедад одиграа неверојатен реванш во полуфинале на шпанскиот Кралски Куп. Мадриѓаните го добија првиот меч 0-1 на гости, но Реал Сосиедад имаше огромни 1-3 во реваншот пред Реал да успее да се избори за продолженија. А таму стоперот Антонио Ридигер постигна гол за 4-4, вкупен резултат 5-4 и конечен пласман на Реал Мадрид во полуфинале. Рафа Надал во ВИП ложата бурно го прослави погодокот. Тој е познат како голем навивач на „кралевите“.

Многу си глуп

Не и е воопшто лесно да известува во вакви услови, а од друга страна и ваква атмосфера се бара, за да се долови славјето во живо. Еден фали да ја заебе цела работа.

Луди фанатици: Трабзонспор собра над 40.000 гледачи на младинска Лига на шампиони

Во четвртфинале од Лига на шампиони за младинци, Трабзонспор со 1-0 го совлада младинскиот тим на Интер У-19 и се пласираше во историско полуфинале, прво за овој турски клуб во која било возрасна категорија.

Спринтот на Еланга од гол на гол против Манчестер Јунајтед

Третопласираниот Нотингем Форест, кој е пред Челси и Сити на табела, го совлада кутриот Манчестер Јунајтед со 1:0. Мечот го реши Ентони Еланга во 5 минута со соло по цел терен. Ги поштеди од славење, бидејќи пред две години беше нивен член, а играше и во младинската школа.

И Стеф Кари имаше планетарна ноќ: 52 поени - 12 тројки

Вечерта кога Никола Јокиќ развали со 61 поен и имаше историски настап, Голден Стејт Вориорс одигра одличен натпревар против силниот Мемфис Гризлис и на крај славеше 134-125 на гостински терен. Јунак на мечот? Кој друг ако не Стеф Кари, автор на 52 поени со 12/20 за тројка, 10 скока, 8 асистенции и 5 украдени топки во „ФедЕкс Форум“. За Кари ова е втора „пееска“ сезонава, а 15-та во кариерата.

Големиот Јокиќ - после историска партија зборуваше за саканите коњи и за пиво

Светските медиуми на големо пишуваат за уште едно историско достигнување на Никола Јокиќ. Србинот на мечот Денвер Нагетс - Минесота Тимбервулвс имаше страшен трипл-дабл учинок со 61 поен, 10 скока и 10 асистенции и стана само трет играч во историјата кој имал ваков учинок но и прв кој доживеал пораз на крајот.

Го прашуваат Шек, кој би победил на дуелот Шек 2001 vs Јокиќ 2025?

„Би го направил словенечко пиле или од каде и да е“. (На српско мисли, ќе го поправат во студио). „Плус ќе го натерам неговите браќа да се степаат со мене“. А против Јанис Антетокумпо? „Него би го направил грчко гиро“.

Третолигаш направи шок во Германија - го исфрли шампионот Леверкузен од Купот

Актуелниот германски првак Баер Леверкузен кој се уште се бори за шампионска титула со Баерн Минхен, ќе остане без трофејот во Купот кој го освои пред неколку месеци и до синоќа го бранеше. Скалпот им го зема третолигашот Арминија Билефелд која славеше 2:1 и направи голема сензација!

Винисиус исфрли двајца од игра со препознатливиот дриблинг на Нејмар

Реал Мадрид се избори за финале во Копа дел Реј после луди 4:4 против Реал Сосиедад на Бернабеу на реваншот и победа на првиот дуел од 0:1. Потегот на мечот го има Винисиус, кој играше самба на терен.

Асистенцииштето на Винисиус и лобот на Eндрик

Изгледавме хајлајтс од Реал Мадрид - Реал Сосиедад 4:4 и дефинитивно потегот на мечот го има Винисиус, кој со страшен пас го пронајде Ендрик, а овој финишираше атрактивно. Една од најјаките асистенции на Реал сезонава.

120 минутно лудило на Бернабеу со резултат 4:4

Реал Мадрид и Реал Сосиедад режираа драма со епски пресврт на кралевите, во реванш полуфиналето од Купот на Шпанија. На 5 минути до крај беа избегнати пенали.

Никола Јокиќ: 61 поен, 10 скока, 10 асистенции

Јокиќ не е од оваа планета. Кога ќе помисли човек што е следно, тој се надминува себе си и ги поместува границите во НБА.

Сите 40 гола на Левандовски оваа сезона

За 34 годишен напаѓач, летото 2022-ра, Барса потроши речиси 50 милиони евра, а тој стана најскап полски фудбалер во историјата и најскап трансфер на Баерн. Ама тој не е било кој, туку Роберт Левандовски, машината за голови кој одговори од тогаш до сега со 97 гола на 137 настапи. 33 во првата, 26 во втората, а оваа има неверојатни 38 гола на 36 години. Или вкупно 40 за клуб и репрезентација. Вкупно во кариерата, неверојатниот полски центарфор има 724 гола.

Струмичани играа кошарка во чест на Кочани

Баскет Дино од Кочани и Струмица Ролинг го одиграа последниот натпревар од сезоната во третата македонска лига. На никој не му беше важен резултатот. Целта беше сосема друга.