Гатузо: Ако не одам на Светско, ќе бегам подалеку од Италија

Џенаро Гатузо е првиот италијански селектор кој ја надминал границата од 10 гола на првите три натпревари, а во неговиот случај рекордот гласи 13 постигнати голови. На четвртиот меч стигна до нови 3 гола или вкупно 16 досега. 5:0 и 1:3 против Естонија, 4:5 и 3:0 со Израел. Секогаш е оригинален во изјавите.

„Ќе ги прифатам заслугите само ако успеам да ја постигнам целта, а тоа е да однесам Италија на Светско. Тоа ми е сонот. Инаку ќе одам да живеам подалеку од Италија. Веќе сум далеку, ама ќе бегам уште подалеку. Не дека сум бегалец, направив нешто во овие години, но знам дека има луѓе кои направиле многу повеќе од мене, и го сфатив тоа како голема одговорност, а не како товар. Знаев што сакам да направам, бев многу јасен во врска со тоа, но не мислев дека ќе можам да го натерам тимот да постигне 16 голови“, вели Гатузо.

Голчиште на Ретеги во стилот на Дел Пјеро

 

15 октомври 2025 - 14:29