Ако Погачар биде севкупен победник, тој ќе стане најуспешниот велосипедист во историјата на Тур де Франс со пет трофеи, заедно со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин.
Манчестер Јунајтед конечно се ратиса од голманот кој им кинеше живци на навивачите. Андре Онана отиде во Трабзонспор во Турција а таму му снимија и интересно видео по турските вилаети.
Хрватскиот маестро кој остави зад себе историја во Реал, тешка за повторување, наполни 40 години. Милан му го разубави со торта, но и со изненадувачко видео. Тој има само една желба, а тоа е трофеј со новите соиграчи.
Во реваншот од четвртфиналето на Купот на Бразил, Коринтијанс повторно го победил Атлетико Параненсе со 2-0 и со вкупни 3-0 оди во полуфинале. Домашната публика покажа зошто важи за една од најжестоките во Бразил.
Шпанија едноставно ја крие топката. Тоа како да им остана во наследство од Чави, Иниеста и бандата. Погледнете колку течно, умешно и атрактивно умеат да играат во напад. Турците шест пати ја вадеа топката од мрежа.
Забивања, банани, тројки, дриблинзи, асистенции, влезови. Атрактивно беше во четвртфиналната фаза на Евробаскетот од каде се формираа двојките Финска - Германија и Турција - Грција. Од топ 10 потези, четири се на Финците.
Финска синоќа испиша кошаркарска историја со влезот во полуфинале. Предводници на триумфот против Грузија беа Микаел Јантунен од Фенербахче со 19 и Лаури Марканен од Јута Џез со 17 поени. Но Финците имаат нова ѕвезда во доаѓање, а тоа е Мика Муринен кој на само 18 години се забавува под кошевите на Евробаскетот.
Асови на Ѕвезда и Партизан учествуваа во голема анкета на Моцарт Спорт и ги избраа идеалните 11 на сите времиња на двете најголеми српски екипи, по повод нивниот јубилеј.
Александар Џикиќ, кој пред 10 години ја водеше Македонија, направи одличен резултат на Европското откако ја однесе Грузија во топ 8. Го прашаа колку му било тешко да тренира емотивен тим како Грузија, а тој иронично одговори: Чудно е за мене ова, бидејќи сум Србин. Доаѓам од земја која е супер мирна и фина и добро позната по трпеливоста.
Голманот на Манчестер Јунајтед имаше уште едно бледо издание, овојпат во поразот на неговиот Камерун на гости кај Зеленортски Острови каде изгубија 1-0. Онана беше делумно крив за голот затоа што не истрча воопшто од својот гол и чекаше на своја линија. По враќањето во земјата, се возел скриен на мотор во родниот град Јаунде до дома.
Во првото коло од новата сезона во италијанска Серија А, малку познатиот Кремонезе кој се врати во најдобрата лига од Серија Б, го совлада Милан на гости 1-2. При нерешен резултат 1-1, шпицот Федерико Бонацоли постигна спектакуларен погодок кој е избран за гол на месецот во Серија А.
Суперѕвездата на ЛА Лејкерс Лука Дончиќ одигра блескав натпревар и уфрли 39 поени со дури 10 скoка и 7 асистенции во четвртфинале против Германија но на крај тоа не беше таман за триумф. Словенците се бесни на судиите поради некои одлуки а посебно лут беше Дончиќ.
Драган Стојковиќ Пикси сè повеќе ја губи поддршката од фудбалската јавност и навивачите во Србија. Му ја честитаа првата петка во школо и потсетија што зборуваше пред да ја преземе репрезентацијата. Дека морало сите да го сакаат за да стане селектор. Колку големо его и суета се кријат во овој човек.
Многу симпатичен расказ од најголемиот мангуп меѓу фудбалерите. Бекс кажува како бил нервозен кога дошол првиот ден во Реал Мадрид, имал трема, раце му се потеле. И почнале еден по еден да доаѓаат Фиго, Карлос, Зидан, и најголемиот меѓу нив Бразилецот Роналдо.
Кошаркарите на Словенија се гневни и разочарани од судењето на четвртфиналето против Германија, кое го загубија иако беа одлични и водеа три четвртини. Незадоволството пред камерите го искажаа Ален Омиќ и Клемен Препелиќ.
Еурофарм Пелистер слави голема победа против Загреб на отворањето на новата сезона од ракометната Лига на шампиони. Битолчани славеа 25:23 и водеа на речиси цел натпревар. На крајот сепак стана драматично, бидејќи Хрватите имаа напад за реми. Дејан Манасков беше прв стрелец со 8 гола, а Филип Кузмановски постигна 6. Никола Митревски се фрли како мачка. Мечот од трибини го следеше Лино Червар.
Словенија синоќа малку фалеше да ја изненади Германија против која водеше 30 минути. На истекот од третата четвртина, Тристан да Силва не дозволи да заминат во соблекувална со -7 и распали од далеку со звукот на сирената.
Стадионот Тумбе кафе или Петар Милошевски конечно блесна под рефлектори со репрезентативен фудбал и тоа против силен противник. Младинската селекција на Македонија загуби од Италија со 0:1. Битола како фудбалски град вака го личи.
Камерун претрпе пораз од директниот ривал за првото место во групата Д од африканските квалификации за Светско првенство, Зеленортски Острови кои славеа 1-0. Голот на Дејлон Ливраменто во 54' минута оди на душа на голманот Андре Онана кој долго стоеше залепен на линијата и не истрча да проба да му го скрати аголот на стрелецот на голот. После мечот Онана силно оттурнал и еден навивач кој сакал да се слика со него.
Навивачите кои повеќе преферираат клупски фудбал и кои едвај чекаат да завршат репрезентациите, од наредна година ќе мора да се навикнат на промени кои нема да им прават ќеиф.
Под мотото „Спортот како национален идентитет и визија за иднината“, денеска во Скопје беше отворен Регионалниот спортски самит „Скопје 2025“, што се одржува под покровителство на Министерството за спорт на Република Македонија.