Леброн може со сите, ама никако не може со една напаст

А таа напаст се вика Дилон Брукс кој е решен до крај да го провоцира и нервира легендарниот Леброн Џејмс. Синоќа пак играа, и пак како пред една недела го иритираше, го закачаше, му поминуваше пред нозе...

Феникс Санс убедливо ги разби ЛА Лејкерс 132:108. Најефикасен играч кај „сонцата“ беше Дилон Брукс (29) кој уфрли 25 поени без ниту една асистенција и скок и пак го провоцираше Леброн Џејмс. Овие двајца веќе со години имаат нарушен однос а Канаѓанецот е единствениот кошаркар со никаков респект кон ветеранот и еден од најдобрите кошаркари во историјата.

Пред една недела двајцата влегоа во вербален па и мал физички дуел, Леброн здиве, а Брукс доби тогаш техничка грешка која на крај го чинеше пораз неговиот тим.

Синоќа Брукс му сервираше одмазда на Леброн, Феникс победи а Дилон пак доби техничка. Сега уште пред натпреварот влијаел врз Џејмс:

После му прејде пред него кога овој шутираше слободни:

 

И покрај ова, Леброн имаше одлична партија со 21 поен, шест асистенции и два скока а имаше поддршка само од Деандре Ејтон кој додаде 12 поени, 10 скока и имаше три одземени топки.

Кај победникот покрај Брукс, ефикасни беа уште и Девин Букер со 21 поен и 11 скока и Марк Вилијамс со 18 поени и 9 скока.

24 декември 2025 - 10:08