Прославениот српски тренер кој како селектор ја направи Германија европски шампион во 1993-та година, важи за најпочитуван кошаркарски стратег во таа земја. Сега одново стана тренер на Баерн Минхен кој се раздели со Гордон Херберт. Пешиќ дебитираше со пораз од лидерот во Евролига 72-82 а после мечот ги засмеа новинарите кога почна да зборува на англиски, па на германски, па на англиски итн.