Offside

Откако шампионската титула минатата сезона замина на Истокот, кој генерално беше поконкурентен, Западот ќе се обиде да ги врати шампионските прстени таму каде што, историски гледано, шоу-тајмот или атрактивната игра, секогаш ималa предност пред прагматизмот, кој е карактеристичен за Источната конференција.

На #ItalialovesMichaelOliver е пуздер со коментари

Помина една недела од најозборуваниот пенал во Лигата на шампионите, ама јавноста во Италија не мирува. Тие што не го сакаат Јуве, Мајкл Оливер ги спои на едно место. Едни му извадија душа за контроверзната одлука, а овие другиве го слават на големо со денови.

Со право викаат не е убаво да заспиеш на стадион

Мада фудбалот на Мурињо е таков што те фаќа дремка после 12-та минута.

Ѕверот од камерунски каменолом кој стигна до врвот

„Не живеев, јас преживував“, вели Франсис Нгану, борецот од Камерун кој во рана младост изморен од каменоломот, решава да ризикува и да се проба во Париз од каде стигнува до врвот.

Никој не го освоил Скудетото кога бил на -6 на 6 кола до крај

Откако Баерн, Сити и ПСЖ ја освоија титулата, а прашање на време е само кога ќе го стори тоа и Барса, единствената каква таква неизвесност остана во Серија А. Како стојат работите Наполитанците имаат речиси невозможна мисија.

40.000 навивачи во четврта романска лига

Не е скриена камера. Ова е Стеауа Букурешт, ама не FCSB на контроверзнот Џиџи Бекали која играше во ЛЕ, туку онаа вистинската која испадна во четврта лига поради финансиски колапс и која ја бодрат вистинските ултраси на клубот. Да се наежи човек.

Алиоски во трка за наградата играч на годината во Лидс

Пабло Ернандез, Саму Саиз, Тоби Није и Кемар Руфи се конкурентите на нашиот репрезентативец Езџан Алиоски за признанието најдобар играч на сезоната во Лидс Јунајтед. Популарниот Џани е меѓу милениците на навивачите.

Сусаета во април дава голови од корнер

Атлетик Билбао изгуби минатиот викенд од давеникот Депортиво Ла Коруња 2:3 во 32. коло од шпанското првенство. Вториот гол за домаќините го даде Маркел Сусаета - директно од корнер.

Најглупавата прослава на титула е дело на Манчестер Сити

Новиот шампион на Англија се избрука шампионски. Во недостиг на спонтан собир за петтата титула во нивната историја, тие се решија за вештачко славје (викаат реклама било, сеедно). Како и да е глупо е ова и како после да не ги викаат вештачки клуб.

Стави го една минута да поигра или нема да освои титула

Некогаш најталентиран француски фудбалер на својата генерација, а сега најдобар другар со клупата за резерви. Поради конфликт со главниот тренер Унаи Емери, Бен Арфа не виде зелен терен со месеци.

Ироничните навивачи на Фиорентина го реметат Буфон

Навредливите зборови на Џиџи Буфон до судијата Мајкл Оливер во ЛШ не ги оправда секој. Откако на мечот Фиорентина - Спал беше досуден пенал за гостите, домашните навивачи, познати во Италија по својата иронија му скандираа на судијата Орсато “insensibile“ (безчувствителен), алудирајќи на тоа што легендарниот голман на Јуве го кажа за англискиот арбитар.

На Сидорф му лепи топката и кога е во одело

По Милан и Шенцен (Кина), Кларенс Сиродф од пред два и пол месеци стартуваше со трето тренерско искуство, овој пат на кормилото на Депортиво Ла Коруња. Ама како да му се игра уште а?

Малер на колото за 470.000

На првиот тикет погодил три точни резултати и паѓа само на Сити кој тепаше 1:3. На вториот го погодил Сити и уште четири нули. Чека вкупни 9.400 долари, а вложил 6.

Навивачите кои заслужуваат бакшиш

Кој вели дека во трета лига е тапа да одиш на стадион? Не зборуваме за Големо Коњари или Бабуна, туку за Сокол Саратов од Русија и нивните навивачи - цареви. Алал да им е. Не им треба ниту водка за загревање, имаат прекрасна мелодија.

Чудна контра во НБА плејофот

Иако неверојатниот Џејмс Харден ги издоминира со 44 поени и му донесе на Хјустон водство од 1-0 во плејофот, мечот против Минесота ќе остане во сенка на една чудна ситуација.

Ова ако влезеше, Рим ќе гореше

Римското дерби е натпреварот за кој градот живее цела година, а синоќешните 0:0 се доказ дека и двете екипи се плашеа од пораз. Имаат идентичен број на бодови и се во пеколна битка за место во топ 4. Последните секунди истекуваа, а Сергеј Милинковиќ Савиќ се обиде како на кошарка. Срце им застана на Лацијалите.

Како после да не го сакаш Питер Крауч?

Високиот центарфор е еден од ретките играчи на Островот кого го сакаат сите без разлика на навивачките определби.

Шампионскиот викенд на Манчестер Сити, ПСЖ и ПСВ

Додека Порто и Бенфика се бркаат со 2 бода предност, во Турција четири екипи очи ќе си извадат за титула, а во Шпанија и Италија работите се скоро јасни, во Премиер лига и Лига 1 веќе се славеше.

Ни Буфон не е цвеќе за мирисање

Иако во сите делови од светот важи за чудотворец на голот, во својата родна земја Џанлуиџи Буфон има гревови кои му ги паметат претежно ривалските навивачи но и педантните новинари.

Чудесната одбрана на Донарума во 92-ра минута

Аркадиуш Милик ги имаше трите гостински бодови во раце на гостувањето на Сан Сиро, ама кога на голот на Милан стои 19 годишниот Донарума сè е подруго. Како ли му ја фати од толку блиску, па ова може да е крај за надежите на Наполи за титула, бидејќи Јуве им избега на +6.

Згрми „We are the champions“ во Јане Сандански

РК Вардар ја одбрани титулата во СЕХА лигата и ја продолжи доминацијата во регионалното натпреварување. Ова е трофеј број 4 во седум годишното постоење на регионалната ракометна лига. Да се надеваме дека ќе го чуеме ова песнишне повторно во Келн додека Столе го крева пехарот.

Мечка отвори натпревар во трета руска лига

На меч од 27. коло во руската трета лига меѓу Машук-КМВ и Ангушт една мечка му ја додаде топката на судијата пред стартот.

Фантастични кореографии на Лацио - Рома

Во директна борба за место кое води во квалификациите од Лига на шампиони следната сезона, а носени од одличните настапи во Европа оваа сезона, Лацио и Рома играа пред полн „Олимпико“. На почетокот на дербито двете навивачки трибини зад головите имаа одлични кореографии.

Нов гол на Ибра во САД

По двата гола на своето деби за Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ го постигна и првиот гол како стартер на гостувањето против Чикаго Фајер.

Нередите на белградското вечно дерби

Црвена звезда го победи Партизан со 2-1 со голови уште во првиот дел, а дербито вообичаено помина со низа инциденти. Навивачите на Партизан од разни причини се поделени на дури три фракции па една од нив беше сместена во тн. „кафез“ меѓу јужната и западната трибина каде во второто полувреме имаше нереди и краток прекин на мечот.