Off Topic

Старомодни вештини: Креативност во адвертајзинг

Кога алгоритмите во серија му сервираат на човек дебилни клипчиња кои служат во некаква рекламна цел, помислува дека креативноста неповратно е мртва. Ама потоа ќе налета на реклама како оваа и ќе освежи. За часовниците Knight е, со слоган „За секоја верзија од тебе.“ Не само што ситуациите се „relatable“ (со опроштење на софра), туку и финишот е брилијантен.  

Британски увоз на албански банди

„Зошто толку многу криминални банди доаѓаат од Албанија?“ е прашањето на кое одговор бара репортажата на Скај Њуз. Краток одговор би гласел: бегаат од еснафската конкуренција во стариот крај. Островот мака мачи со бандите кои се фамилијарно/клановски/племенски организирани па, исто како и во сицилијанските, во нив тешко се пенетрира. А во меѓувреме го диверзифицираат портфолиото.

Downhill писма на пешаци по Водно

Велосипедистите со својата неприлагодена брзина не само што го нарушуваат мирот и уживањето на планинарите, туку и директно ги загрозуваат сопствените животи, животите на сите планинари со кои се разминуваат, а особено на најмалите; по Пензионерската патеката рекреираат многу родители со деца поради благиот нагиб, а таа патека е тесна и на моменти е невозможно да се тргнеш настрана.

Не бил Исус, доктор бил

Последниве недели Трамп е во таков ремпејџ мод (ќе уништеше цела цивилизација, пцуеше на Велигден, го нападна папата, ги испонавреди довчерашните медуимски сојузници...), што уште само на маче му нема удрено бокс. Објави и слика на која е претставен како Исус. Сега пробува да убеди некого дека на сликата тој бил - доктор. Сепак, ја избриша таа слика, најблиску што може таков човек да дојде до покајување или недајбоже, извинување.

Маѓар јако фаќал кривини во парламентот

Освен што успеа да го потепа Орбан на избори, Петер Маѓар успевал и да зема плата како пратеник во Европскот парламент (основна плата околу 8.000 евра), со изостаноци за какви од школо се брка. Имено, бил присутен на само 1,9% од гласањата. А кога другите од неговата партија гласале, гласале слично како оние на Орбан, објаснува неговиот независен колега од Кипар, Фидијас Панајоту.   

Дон Роко Казанова го освојува српскиот пазар

Почна како Роберт Сошански со неповторливата „Еј другарице, плави анџеле“, подоцна го бусташе името за да дојде до комбинацијата „Доктор Роберт Роко Роксан Сошански Казанова“. Сега пак стишува и е Дон Роко Казанова. Кога пред две години последен пат го имавме на сајт, го опишавме како „охридски пејач, поет, православец и патриот“. Но, љубовта и болката не познаваат патриотски граници.

НЗС на сите „престојни апокалипси“

Во 60-тите се зборуваше дека за 10 години ќе снема нафта. Во 70-тите дека за 10 години доаѓа ново Ледено доба. Во 80-тите дека киселите дождови ќе ги уништат посевите за 10 години, во 90-тите дека озонот ќе го снема за 10 години, во 2.000 дека мразот ќе се стопи за 10 години... Што е тука заедничко? За секој ваков повод беа донесувани нови даноци. 

Диета на денот: две тепсии трилече

Не е препорачана од апсолутно ниту еден доктор или нутриционист, ама треба да функционира само заради најосновни столбови на логиката, а таа вели - ако јадеш три тепсии трилече на седнување, неизбежно ќе почнеш да слабееш ако намалиш на само две.

Има ли уметник во авионот?

Редовен лет на Луфтханза од германски Франкфурт до Катанија, на Сицилија. Приближувајќи се до дестинацијата, авионот го пренасочуваат кон Малта, бидејќи околу Катанија беснеат пожари. Пилотот, кому очигледно Малта не му е омилено место, постапува по насоките на контролата на летање и заминува кон Малта, но не пред да нацрта нешто на небото. 

Да не се палиме на сите хистерии на нашата епоха

Кристофер Пламер немаше морален проблем да го замени Кевин Спејси во веќе снимен филм со него, кога овој беше обвинет за сексуално навалување. Може да нагаѓаме дали ќе беше слично и доколку, во некои други времиња и околности, Спејси беше обвинет дека е Евреј, комунист или кулак.  

Вашингтонски патрдии

„Ги собрав сите атоми на храброст за да прекинам прес-конференција во Белата куќа....“објасни младата Елисе Џоши објавувајќи снимка од нејзиното поставено прашање со третперлив глас (нешто околу фосилните горива). Портпаролката Карин Жан Пјер се чинеше изненадена но ја поздрави храброста на младата девојка. Само што, сета оваа драмолетка со „храброст“ и “изненадување“ е бљак.

Штетните страни на магичното слабеење со Оземпик

За Оземпик (еден од брендовите под кои се продаваат семаглутидите) се точни сите фантастични ветувања што ги дава за експресно слабеење, ама во исто време се точни и сите забелешки што му се припишуваат, прво дека е терапија за луѓе со дијабетес и второ, дека целото слабеење доаѓа со грст проблеми, болести и нус-појави.

Бахмут да се затвори и да се претвори во град-споменик

Моментално Русите го сметаат Бахмут за ослободен, а Украинците за окупиран. За некоја недела / месец, тоа може да се смени. Што и да се случи, кој и да е ослободителот, наградата ќе биде град кој изгледа како да сака еднаш засекогаш да му ги скратат маките. Снимката е од деновиве и од тоа што се гледа како најлогично решение да е Бахмут никогаш повеќе да не биде населен град.

Како стигнавме Никола да ни е просек?

Препис од полициски билтен од сега веќе некој магичен свет (за постарите познат како СФРЈ, за помладите „комунизам“) во кој извесен Никола, само замисли, бил казнет заради џаболебарење и затоа што без потреба се дрнкал со моторот натаму-наваму. Па кај го има ова?

Европски вредности на латвиски начин

Неподвижна 74 годишна баба ја носат на тест за латвиски јазик. Ако не го знае, ја чека депортација после 2 септември, пошто Латвија системски работи на кинење на врските со сè што е руско (во 1989 година 34% население беше руско, лани 24%). Ах, кој ќе чека Ахмети да наполни 74 :) 

Москва под санкции

500 и некој ден од руската инвазија на Украина и 500 и некој ден како Русија е под најголемите и најсеопфатни санкции што некогаш биле наметнати на некоја држава. Барем тој е впечатокот од светските медиуми, не и од руските супермаркети.

Основната разлика меѓу машка и женска депресија

Мажите сакаат почит, жените сакаат љубов. Што сакате правете со оваа информација.

Камермани, неопеаните јунаци на документарците

Нетфликс пред некое време објави кратко видео за тоа како се снимаше исклучителниот документарен серијал „Империјата на шимпанзото“, кој како речиси ниеден документарец до сега ги фати најкрвничките борби меѓу шимпанза. Тоа што се заборава во гледањето на серијата е дека на неколку метри од шимпанзата, кои можат да распарчат човек во рок од неколку минути, има луѓе со камери кои стојат и снимаат.

Не е само операција да направиш, после треба и машко да бидеш

Жена осум години транзиционира во маж, и по толку време физичкиот дел главно го совладува со задоволителни резултати. Проблемот се јавува кога станува машко и светот, дури и добронамерниот дел од светот, почнува да го третира како што се третирани мажите.

Комшика што спие

Жителка на Минск се прави летва од алкохол и кој знае како пијанката ја завршува со заспивање на надворешниот праг од прозорците во станот... на 24 кат.

Не е само да се залепиш за асфалт

Блесавиот дел од еко-протестите со блокирање улици е што кога ќе се залепиш за асфалт твојата кожа стварно е залепена за асфалт, нема фејкање во тој дел, и тоа единствено се решава со чекан и со длето, по што те пуштаат дома да си одиш со грутка асфалт залепена на рака. Без да ја омаловажуваме нивната жртва, ама овие луѓе периодов нешто почнаа да избираат места под сенка за да се лепат.

Во Полска полиција спасуваше мигранти од локалци

Во комплекс базени во јужниот полски град Битом, мајка се жали на обезбедувањето дека група од четворица мажи непристојно се однесувале кон нејзините деца. Пред обезбедувањето и пред полицијата, први стигнуваат да реагираат останатите гости на комплексот, па целиот инцидент се завршува со специјалци, штитови и солзавец.

Во Памплона хаос

Традиционално спасот во трчањето со биковите е главниот стадион на кој пристигнуваат сите учесници, а по некое време и биковите. Годинава толпата направи до сега невидена блокада токму на влезот на стадионот. Тоа не им смени нешто многу на биковите.

И викаш користиш Сигнал и никој не може да ти чита пораки, а?

Истата апликација ја користи и Такер Карлсон со истите идеи на ум кога во најголема тајност сака да договори интервју со Путин.  По некое време преписки, Карлсон добива повик од „човек од Вашингтон“ кој му кажува дека НСА му влегла во Сигнал апликацијата и знае дека договара интервју. Важно е и тоа што случката е од пред војната, 2021 година, и се работи за постара верзија на апликацијата.

Што е бе тоа 1.150 долари за шишање

Ок, точно, шишањето е на адреса и има еден саат патување до таму, плус за фризурата се потребни 2,5 до 3 часа, ама пак, 1.150 долари се 1.150 долари. Сумата е 3 часа по 350 долари од час и 100 долари превоз. За делот од публиката што не оди на бербер, седнување на берберска столица во Скопје (значи не стилист, фризер или како и да се викаат) во просек ќе те чини околу 300 денари.

Кажи Русија, кажи Русија, кажи Русија

Портпаролот на Пентагон, најискрено, со сето свое битие сака да каже дека „војната е стратешки неуспех за Русија“. Ама не е тоа тек така. Сигурно психолози имаат нешто да заклучат од клипот.

Најди ја разликата

Кратко видео од два дипломатски настани. Во едниот руска функционерка се среќава со кинескиот владетел, во другата американската министерка за финансии, Јелен, се среќава со кинескиот колега Хе Лифен.

Сега на Франција и е ред да биде колонизирана

Ако Франција е растистичка, како што тврдат луѓето што деновиве ја палеа земјата, тогаш зошто уште луѓе емигрираат во Франција? Затоа што сега Франција е таа што треба да биде колонизирана, засекогаш.

Филмски разговори за педофилија

Со буџет од само 14 милиони долари, филмот „Sound of Freedom“ на благајните го потепа долгоочекуваниот продолжеток на „Индијана Џонс“ на Дизни (со буџет од 295 милиони долари!). Приказната е шокантна и, за жал, вистинита. Ви предлагаме од 31-ва минута да погледнете две минути, па ако не ве заинтересира, баталете. 

Роденден кој се памти цел живот

Во Бразил малолетници можат да бидат уапсени но после регистрирањето, биваат пуштени. Следи сцена во која во полициска станица му се слави роденден на еден млад кримос, со торта, со песна, со сè. Му го слават полицајците, само затоа што дента му е 18-ти роденден, што значи дека ќе можат да го задржат во апс. Славеникот не е нешто еуфоричен околу своето полнолетство.