Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Најглупата фора во свет

Ова е "копиљ" во неговата најчиста форма, по енциклопедија. Пази што му текнало, во десетина пакетчиња чипс става лаксативи и сè тоа комплет го остава на плажа за галебите да го изедат. Галебите нормално дека ќе го изедат.

Шаблон за масакри

На премиерата на последниот Бетмен, во близината на Денвер, 24 годишен дечко уби 12 лица и рани десетици други. Без разлика колку е трагичен настанот, еве како целата приказна ќе се развива во медиумите. Шаблонот е тој, само веста се менува.

Сите бои на Меркел

Во поглед на дизајнот, германската канцеларка е прилично конзервативна со нејзините "те једно те исто" костумчиња. Но, што се однесува до боите, си сака жената да проба различно.

Сите бои на Меркел

Германската канцеларка носи те једно те исто, ама затоа кај боите не штеди.

Луѓето што не се откажуваат

Две недели по завршувањето на олимписките игри, борбата продолжува на Параолимпијадата во Лондон.

Стилски вежби

Се вика Сергеј Михалок и основач е на белорускиот бенд Лјапис Трубецкој. Не знаеме многу за него, само забележавме дека со текот на времето малку од малку го има сменето својот имиџ.

Axe лекции по масирање

Во Axe знаат дека најдобар начин да му продадеш нешто на маж е да споиш две жени, па макар и да треба да ги гледа како се масираат.

Татко на годината

"Изгледаш како да си му украл панталони на џуџе!", е дел од супер реметот кој еден татко пред камера му го прави на својот син тинејџер фаќајќи го како сака да излезе надвор со оние ужасно тесни и ниски фармерки кои се носат на половина газ. И после го тера да чучне. Остатокот од семејството си живее регуларно.

Колку е добро да си дете

Не дека има 6 години, не дека сам има научено да лупа на тапани, не дека ја знае "Pretender" од Фу Фајтерс, туку затоа што планира "уште едно 30 години да се занимавам со тапани и после тоа ќе може да станам хокеар."

Ова да се гледа

Grabbers, ирска хорор комедија, режија Јон Рајт. Може сме утка ама сценариото ветува: мал ирски остров бива нападнат од грозни вонземјани. По некое време селаните сфаќаат дека единствен начин да останат живи е да бидат нон-стоп пијани. Ако изеде пијан човек, мрцината умира во страшни маки. Ма браво. 

Тајната на женските чанти

Мажите мислат дека тие ги носат само затоа што добро им стојат. Не, не, тие цел свој живот го носат внатре! И не е толку чудно што сè може да собере една женска чанта, чудно е како успеваат да најдат нешто во нив.

Џек порачува

Комплетната кариера на Алек Болдвин изгледа како да беше едно големо подготвување за улогата на Џек Донаги (30's Rock), необјасниво арогантниот директор на НБЦ, со уникатно радикален шовинистички став кон сè и сешто.

Профи сеирџија на денот

Да бидеме на чисто, тој во позадина не е можно да му е другар. Човечки не е нормално толку да ти е сеедно за некого, па макар и душман да ти е. Иако и главниов лик изгледа како ова да не му е прв пат.

Неделата низ трејлери

Два магични светови, една чистокрвна акција од типот на Џејсон Борн (ама без него), трилер за една од најодвратните измами што може некој да ја направи и еден Морган Фримен.

Селење, ниво: пчели

Дечково открива дека куќата му е преполна со пчели. Околу 50.000. Наместо паники и слично, вика момци што професионално ќе му ги иселат подстанарите. По пат, го снима целиот процес.

Колку си дебел во споредба со светот

Глобално мерење на тежина, кое не само што ќе ви каже колку сте подебели отколку што треба, туку и колку сте подебели од остатокот на вашата држава и во споредба со остатокот од светот.

Кинеска домино ограда

Никако тендер за ограда да им се даде на Кинези, a по некоја случајност ако го добијат, обавезно во комплет и полицајциве да се бараат.

За мајка ти секогаш си дете

Тоа што си освоил 8 златни медали, што си постигнал светски рекорд во кревање или си истрчал 100 метри побрзо од пума, ама ништо не и менува на мајка ти.

Следниот Ајфон

Луис Ц.К. за тоа колку е глупо цело време да се гео-тагирате каде се наоѓате, и уште колку е поглупо тоа што мислите дека е феноменално што некоја компанија ви дозволува сите ваши лични работи да ги чувате кај нив.

Ова Грциве... што?

Веројатно од надвор, на некои од тие на Северот на Европа, Грциве им изгледаат како последниве 15 години девојчево да им било одговорно за парите во земјата, па сега некој решил да ја провери што прави. Инаку, девојчето води временска прогноза.

Промоција за сите сезони

Влегуваш во продавница да си купиш гуми, те забележуваат дека се двоумиш и имаат предлог - зошто па да не ги пробаш гумите.