Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Брачен тренинг

Можеби тајната на бракот е во надминување на стравот истовремено да се падне и во способноста заеднички да се исплива. Една хрватска двојка го започна својот брак со оваа лекција.

Гурбет 2.0

Ако некому СТВАРНО му се заминува од Македонија ама не да оди по Шпании, Зуричи и Канбери па пак секое лето да кмиши овде по роднини - му најдовме место. Среде океан. Најтуѓино, најјабано.

Ренту турјент на здравје

Девојчево има некаква ретка болест која ја тера постојано да кива. Не е убаво да се смее на тоа. Убаво е кога ќе се помисли дека еден ден ќе може да работи на албум на Шемса, како чинела.

Едно име имаме

Дузина познати ликови кои одбрале едно име за "меѓународна употреба". Дури и на францускиот просветител, Волтер му е естрадно име. А Ајс Ти е закон колку е искрен.

Директен пренос на директниот пренос

22:29
Olimpijski komitet predstavio novu Bond devojku.
23:22
Grci, zbog mera štednje, nose odela iz Atine 2004.
23:39
Gledaoci sa Kosova ne mogu da veruju ko je sve danas država.
23:55
Bivša jugoslovenska republika Makedonija i ove godine ima više slova u nazivu države nego sportista.

Како да се сруши зграда со светло

Аудио видео проекција на уникатна 3Д опрема на канадската компанија Moment Factory покажаа што може да се направи со една сосема обична фасада во Атлантик Сити.

Родени сме да се мачиме

Вежбањето е прекрасна работа. Би можеле со саати да го посматраме.

Телефонска сметка како инфографик

Деталните сметки на телекомуникациските оператори знаат да бидат ѓаволски тешки четива за дешифрирање. Француска компанија има решение: апликација која ќе ви ги визуелизира безбројните цифри од сметките, вклучувајќи ги и оние кои операторот би сакал да не ги видите.

Домаќински трикови

Секоја домашна актиовност знае да биде полна со непријатни изненадувања. Неколку многу практични совети како да се направи домот поднослив за нервите и ефтин за одржување.

Годишен извештај во ефекти

The Mill е едно од оние студија што имаат буџет од 5 милиони долари за да снимат една реклама од минута и пол. Сега решиле да се пофалат што се имаат направено за 2012-та.

За малку

Неколку ситуациии кои влакно ги дели од многу, многу лош исход.

На илузијата и се кратки прозорците

Конечно една илузија која нема да се задоволи со тоа да ни докаже дека окото ни е чкарт, мозокот ни е глуп а врската меѓу нив дајал-ап. Оваа е со објаснување + материјали за да ја направите.

Готвење: како не треба

Не се рецепти, туку правила, финеси што добар дел од луѓето ги имаат заборавено или никогаш не ги научиле. Од тоа зошто не треба да се истура сосот директно на шпагети, до тоа како се прави чај, пире или милкшејк.

Его правила за постери

Не сме сигурни дали е ова случајно или секој од овие филмски ѕвезди со договор го има заштитено правото како ќе се појави на филмскиот постер. А дека има некоја закономерност - има.

Бекам меѓу народ

Зошто да не ги израдуваш луѓето кога знаеш каков мерак им правиш. Плус, не дека не те плаќаат за тоа.

Како да поткупиш судија?

Залудни се сите заседавања на спортски федерации, судиски организации и мозгања за технолошки иновации. Секогаш ќе се најде начин да се одоброволи судија на еден натпревар. Демо.

Рамазан или Бетмен?

Што правиш кога си муслиман и верник и истовремено фан на Бетмен, а премиерата на новиот филм се поклопува со првата ноќ на Размазан? За оваа и другите дилеми околу филмови, видеоигри и стрипови за време на Рамазанските пости, во филмот - пазете добар наслов - First Knight of Ramadan. 

Не, ја не можам мразој да гледам!

Уште еден доказ дека Кинезите ќе го покорат светот а сите ние ќе ги служиме како робови. Но сикирики, барем мраз за пијачките нема да мора да им носиме.

Кога жена ти ќе заспие

Ниту е глуп, ниту е ретардиран, само е машко. Ќе си го направи он меракот, и покрај тоа што знае дека таа до него по ова едно 6 месеци ќе му го уништува животот на секој можен начин што ќе и дојде. Рок на заборавање - никогаш.

Абе оди книга фати

Од старт треба да ти е сомнително ако 8-годишно дете се појавило на сред уличен натпревар во брејкденс и уште им се чатали на големите. Малиов е ѕвер.

#Наточак #насекаде

Зимоска го имаа "The art of flight" документарецот со најблесавите бордери и скијачи што можат да се најдат. Летното издание се вика "Where the trail ends" и е со велосипедисти.

Шмајзер за муви

Оружје кое треба да го поседува секој дом во летниот период. Шмајзер за муви, со кој на непријателот истовремено му нанесуваш и рана и сол. Пар грама бербат не е ништо во однос на ќеифот директно да се погоди гадот. Инсектициди се за кукавици!

Иде Гренланд

Како што ние одиме на прошетки по планини и езера, така Норвежаните одат на Гренланд да гледаат глечери. Од време на време на некој глечер ќе му се пушти некоја санта, и тогаш се случува ова.