БОНО
вистинско име: Paul David Hewson
Боно сигурно е единствениот ,узичар на планетава кој има прекар по апарат за помагање на слухот. Уште во основно училиште го завикале "Bono Vox," (латински: добар глас) и тоа по истоимената продавница за слушни апарати во неговата улица. Подоцна Гласот отпаѓа па останува само Добриот.
ВОЛТЕР
вистинско име: François-Marie Arouet
Волтер е игра на зборови. Латинското спелување на неговото презиме гласи "AROVET LI," а "Voltaire" е анаграм од тоа.
ПИНК
вистинско име: Alecia Beth Moore
Машките грубијани од нејзиното детство често на девојчињата им ги симнувале панталоните/фустанчињата. Алисија веројатно била најсрамежлива па видливо поруменувала кога нејзе ќе и приредиле такво нешто. Ја завикале Пинк. Втор налет на непријатности дошол со филмот Reservoir Dogs и ликот Mr. Pink.
МОБИ
вистинско име: Richard Melville Hall
Човекот истражувал па дошол до сознание дека негов далечен предец најверојатно е Херман Мелвил, американскиот писател познат по делото Моби Дик.
Ke$ha
вистинско име: Kesha Rose Sebert
Го додала знакот на доларот во своето име во 2009-та за да ја иронизира трката по пари во светот на шоу бизнисот. Нејзиното богатство денес се проценува на 8,5 милиони долари.
Ice-T
вистинско име: Tracy Marrow
Се нарекол Ice T во чест на Iceberg Slim, човекот кој прво беше подводач на курви а подоцна стана писател. Ајс во биографијата признава дека отпрвин на човекот му се одушевувал заради неговата прва професија а дури подоцна открил дека е и писател. Па го засакал и како таков.
ENYA
вистинско име: Eithne Ní Bhraonáin
Eithne = Enya. Така се чита. Ова другово не се чита никако :)
ДРЕЈК
вистинско име: Aubrey Drake Graham
Средното име повеќе го личи за рапер. Претходно, во неговите тв појавувања се претставувал со своето прво име Обри.
?uestlove
вистинско име: Ahmir Khalib Thompson.
Амир на почетокот се претставувал како стариот добар знак за прашалник "?". Но, луѓето почнале да го викаат "Прашалникот" па не бил задоволен од тоа и го сменил името во "B.R.O. the R. ?" Тогаш почнале да го нарекуваат "Братот Прашалник" па конечно ги заќутел со ?uestlove.
* Останато:
Björk = Björk Guðmundsdóttir
Cher = Cherilyn Sarkisian
Seal = Seal Henry Olusegun Olumide Adeola Samuel